Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Општина Шуто Оризари потпишаа Меморандум за соработка

2406

      

Општина Шуто Оризари и Мисијата на ОБСЕ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка за спроведување на заеднички активности во рамки на Советот за млади на Шуто Оризари.

Советот на Општина Шуто Оризари согласно Законот за локална самоуправа на својата 5-та седница, за прв пат донесе одлука за отпочнување на постапка за формирање на Младински Совет.

ОБСЕ ќе даде поддршка на локалната самоуправа во нејзините напори за зголемување на младинското учество, развој на младински политики како и промоција на меѓуетничка интеграција и социјална кохезија.

Воедно, тие ќе поддржат и спроведат обуки за зајакнување на капацитетите на Советот на млади.

Општина Шуто Оризари во соработка со Мисијата на ОБСЕ ќе развие годишен акционен план, ќе обезбеди логистичка и организациска поддршка за успешно имплементирање на активностите во рамки на Советот на млади.

Хазри керга: Рома Пресс лендо тхар вебсајт е Комунако Ш.О.