Ромите во Западен Балкан: потребна е радикална промена на политиката

2273

Состојбата на Ромите во Западен Балкан во последните години и покрај различните иницијативи на ЕУ сеуште бележи спор напредок. Време е за радикално размислување и нови мерки во Берлин и Брисел. Германската Влада и Европската Унија треба го признаат антициганизмот, да се борат против оваа појава која претставува главна причина за дискриминацијата на Ромите и да создадат конкретна перспектива за Ромите на локалниот пазар на трудот.

И покрај обемната (финансиска) инвестиција од страна на Европската унија како дел од пристапниот процес и, исто така билатерално, состојбата на Ромите во Западениот Балкан бележи мало подобрување во последните 20 години. Меѓународните иницијативи како Декадата за вклучување на Ромите 2005-2015 и следната иницијатива Интеграција на Ромите 2020 , како и усвојувањето на национaлни закони, стратегии и акциони планови, не беа во можност да ја променат состојбата.

Антициганизмот ја обликува состојбата на Ромите во Западен Балкан
Следните податоци за состојбата на Ромите даваат увид во неефикасните политики во последните години на национално ниво и на ниво на ЕУ и ја прикажуваат потребата за радикална промена. Овие податоците за помладата ромска популација беа намерно избрани, бидејќи тие би имале најголема корист од инвестицијата во последните години, вклучувајќи ја и обемната инвестиција во образовните мерки. Во 2017 година, 78% од младите Роми (на возраст од 18 до 24 години) во Албанија не биле вклучени во образовниот процес, вработувањето или обуки (NEET – НОВТ) .

Во Босна и Херцеговина учеството изнесува 86% , во Косово 78%, во Црна Гора 82%, во Северна Македонија 74% и во Србија 73%. Во однос на мнозинството население во Западен Балкан, соодветниот процент кој се однесува на истата категорија млади е помеѓу 33% и 59%, додека во ЕУ просечната стапка изнесува 14,3%, додека во Германија стапката е само 8,6%. Кај младите Роми на возраст меѓу 18 и 21 година, помеѓу 31% ( Црна Гора ) и 69% ( Северна Македонија ) имаат завршено задолжително образование. Спротивно, кај мнозинското население во сите земји од Западен Балкан процентот на завршено задолжително образование изнесува 93% до 96%.
Во последните десет години, повеќе од 200.000 Роми од Западен Балкан, приближно. една петтина од целокупното ромско население од регионот поднеле барање за азил низ ЕУ, вклучувајќи повеќе од 100,000 во Германија. Исто така, десетици илјади други редовно се вклучуваат во (неформален) работен ангажман низ Западна Европа.

Антициганизмот, кој претставува специфичната расна пристрасност кон Синтите и Ромите заснована на предрасуди, стереотипи и непријателство е главната причина за дискриминација врз Ромите и нивното исклучување од општеството. Досега борбата против антигипсизмот и структурната дискриминација врз Ромите не беше главен приоритет во германската политика во однос на Западен Балкан. Преселувањето и присилната миграција на многу Роми во Германија и ЕУ во голема мерка се пропишуваше на чисто економски причини.

Владите од Западен Балкан, политичките лидери на Германија и ЕУ на тој начин го игнорираа влијанието на антициганизмот врз социјалната и економската состојба на Ромите како причина за нивната присилна миграција. Ова незнаење резултираше со неуспехот кон соодветна борба против антициганизмот и структурната дискриминација врз Ромите.
Претседателството на ЕУ е можност за Германија да преземе одговорност
Во втората половина на 2020 година, Германија ќе го превземе ротирачкото претседателство на ЕУ. Во истата година, треба да се донесе и новата рамка на ЕУ за рамноправно учество на Синтите и Ромите и борба против антициганизмот. Овој процес ќе има влијание и на Западен Балкан. Берлин треба да ја искористи можноста за поддршка на Западениот Балкан, вклучувајќи ги и другите ЕУ и самата Европската унија во развојот и спроведувањето на повеќе инклузивни политики кон Ромите кои ќе ја препознаваат борбата против антициганизмот како клучен елемент.

Покрај тоа, Германија има репутација која може да се искористи за убедување на владите од Западен Балкан да соработуваат во спроведувањето на нови политики, охрабрување и поддржување на ваквите процеси, како и за вградување на нова национална или нова ЕУ политика за Западен Балкан. Германија исто така има историска одговорност кон Синтите и Ромите, која одоворност не треба да ги исклучува Ромите од Западен Балкан. Само вистинското подобрување на нивната состојба ќе го намали притисокот што води кон понатамошна присилна миграција.
Потреба од сеопфатен пристап и можности за легална миграција на трудот
Германската Влада би можела да даде значаен придонес за подобрување на состојбата на Ромите во Западен Балкан. За тоа да го направи, Германија треба да развие долгорочна и сеопфатна програма за промоција на вклучувањето на Ромите во земјите од Западен Балкан и да даде поддршка на владите и општества од Западен Балкан во спроведување на политиките во координација со ЕУ. Главните компоненти на програмата би го вклучиле следното:

•Борбата против антициганизмот , како основна причина за социјална исклученост и дискриминација во Западен Балкан.
•Поголема вклученост и зајакнување на ромскиот граѓански сектор во Западен Балкан со партиципативен пристап.
•Зајакнување на локалните ромски заедници (зајакнување на заедницата) со цел интеграцијата да биде одржлива.

Посилен фокус на стручна обука за млади Роми. Ова исто така може да биде одговор за вклучување на работната сила во повеќе занимања, на пример во Србија.
•Активно вклучување на Ромите во легалните миграциони работни механизми. Во рамките на Западно Балканските регулации Ромите беа едвај земени во предвид, иако првичната иницијатива имаше за цел да обезбеди можности за легална миграција на трудот и за Ромите. Се додека антициганизот го отежнува пристапот на Ромите на пазарот на трудот во нивните матични земји, учеството во вакви програми останува неопходно. Единствената алтернатива за многу Роми е генерирање на приходи од неформалниот пазар на трудот во Западна Европа.
•Во духот на кохерентна политика кон Синтите и Ромите, како во Западен Балкан, така и во Германија, Германија исто така треба да се фокусира на одржлива интеграција на Ромите кои живеат во Германија и преиспитување на практики за депортација кои влијаат и врз Ромите родени во Германија или врз оние кои живеат тука 20 години.
Германската влада треба да се фокусира на две компоненти: борба против антициганизмот и подобра интеграција на Ромите на пазарот на трудот.

Борбата против антициганизмот треба да биде првиот приоритет на Германија
Германската политика треба да се фокусира на поддршка насочена кон борбата против антициганизмот на Западен Балкан. Меѓутоа, ова бара политичка парадигма која воведува ” пристапот заснован на човекови права ” со одговорност на ” носителот на одговорноста ” во политиките вклучувајќи ги и Ромите. Политичарите и општеството во Западен Балкан мора да преземат одговорност за сегашната состојба, како и за нејзиното подобрување. Борбата против антициганизмот исто така мора да биде целосна задача која вклучува реформи на пазарот на трудот и системот на образование.
Конкретните почетни точки преку кои Германија може да ги поддржува земјите од Западен Балкан во борбата против антициганизмот правејќи ги воедно овие почетни точки задолжителни, би вклучувале проекти за едукација и обука за разни социјални групи (вклучувајќи наставници, полицајци, државни службеници и работодавачи), промовирање одговорно медиумско прикажување, доследно гонење на изјави на антициганизам, насилство и акти на дискриминација, како и вклучување на Ромите во институциите против дискриминација. На ова ќе се додаде и неопходна промоција на социјален наратив кој ќе ги дефинира Ромите како припадници на држава и нејзиното општество, а не како „други“. Земјите од Западен Балкан можат да го користат искуството на Германија во против борбата против антициганизмот и предлозите на меѓународната коалиција на граѓански организации.

Интеграцијата на Ромите во пазарот на трудот бара политичка волја и трпеливост
Како втор важен дел од новата политика треба да биде и подобрата интеграција на Ромите во локалниот пазар на трудот. Од една страна, државите од Западен Балкан мора да ги исполнат своите законски обврски за пропорционално вработување на Ромите во државната служба, што не успеваат да го постигнат со години. Покрај класичните мерки за создавање работни места и мерки за обуки потребни во борбата против и спречувањето на антициганизмот, мора да се воспостават и подобри врски помеѓу училиштата и стручната обука. Поради ниското ниво на образование и обука на мнозинството Роми, мерките за создавање работни места и обука во најголем дел се насочени кон лица без образование или стручна обука. Сепак, добиените занимања едвај дозволуваат индивидуално или социјално унапредување, па дури може и да ги засилат предрасудите кон Ромите. Затоа дополнителниот фокус на квалификувано, двојно образование не само што ќе ја подобри економската и социјалната состојба на дипломираните студенти, туку исто така ќе помогне и во намалувањето на предрасудите кон Ромите.
Успесите сепак ќе бидат видливи само на среден или долг рок. Затоа Германија мора да биде подготвена да не размислува во традиционалните циклуси на проекти од три или четири години, туку да продолжи со долгорочна програма, како што е дизајниран процесот за проширување на ЕУ на долг рок. Германската политика мора да биде подготвена да бара конкретни мерки за борба против антициганизмот и дискриминација од Владите во Западен Балкан и да стане јасно во процесот на пристапување во ЕУ дека веќе не е доволно да се донесат стратегии и акциони планови без нивно вистинско спроведување. За таа цел, Германската Влада треба да работи и во рамките на ЕУ за да се осигури дека Брисел ги спроведува истите политики за поддршка на процесот на пристапување во ЕУ.
Како последно, сепак соодветните влади на Западен Балкан мора да преземат одговорност и да бидат одговорни, заедно со локалното општество, за развој и спроведување на мерки за подобрување на животните услови на Ромите. Со Декларацијата од Познан иницирана од Северна Македонија за вклучување на Ромите во процесот на проширување на ЕУ, тие веќе го презедоа првиот чекор кон започнување на нова регионална политика кон Ромите. Недоволната вклученост на борбата против антициганизмот и дискриминацијата во Декларацијата се одразува на подготвеноста на владите да направат повеќе за вклучување на Ромите. Затоа Германија треба да го поддржи овој процес доколку смета дека треба да се промовира демократско и уставно владеење на правото во државите од Западен Балкан.
Овој текст беше прв пат објавен на германски јазик на блогот на миротворницата: https://peacelab.blog/2019/12/roma-in-den-westbalkanstaaten-es-braucht-einen-radikale-politikwechsel
Кон нова политика за Ромите на Западен Балкан е заедничка иницијатива на:
Otaharin (Bosnia and Herzegovina); @Otaharin
Zentralrat Deutscher Sinti und Roma (Germany); @ZR_SintiRoma
Advancing Together – AT (Kosovo) @AdvTogether
Voice of Roma, Ashkali and Egyptians in Kosovo (Kosovo); @IsakSkenderi
NVO ROM ” Koračajte sa nama – Phiren Amenca” (Montenegro); @NvoPhirenAmenca
Romalitico – Institute for Research and Policy Analysis (North Мacedonia); @Romalitico
Association of Coordinators for Roma Issues (Serbia); @Dragan06989481
Forum Roma Srbije (Serbia),
Roma Active Albania (Albania);
Поддржано од страна на Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија @GermanyDiplo

Roma Press