1200 стипендии за средношколци и 150 за студенти Роми – засилена поддршка за инклузивно образование

253

Zorakeribnaja i edukacija ko Roma zorakeraja o takati e khedinako, numa thaj olakiri rolja.
odova sebepi o Ministeriumi bash edukacija thaj nauka fokusirinipe ko implementiribe e dajatve taro Strategija bash inkluzija e Romengiri, save tane ko amaro vastalipe, mangipnaja te kjera pozorali edukacija, jekajekipe maskar e kedina thaj socijalnikano nijamalipe.

Akava vakerga rastrakoro sekretari ko Ministeriumi bash Obrazovanie thaj nauka i rajni Elena Ivanovska, ko avdisutni beshipe ki radji kerindor lafi bash i Strategija thaj inkluzija e Romengiri 2022-2030. Prekal zorakeripe i edukacijaki programa resargem dji ko 1200 stipendie bash maskarutne sikhlovne, sar thaj 150 bash uće (studentoja)edukacijako ďjandipe konjek bers.

Ko akava khedipe lele than pobuter ministeriumija, EU pretstavnikoja, ambasadorija sar thaj enďio sektori.
———-

Со јакнење на образованието на Ромите ја јакнеме силата на заедницата, а со тоа и нејзината општествена улога. Затоа Министерството за образование и наука е силно фокусирано на имплементација на одредбите од Стратегијата за инклузија на Ромите, кои се во наша институционална надлежност, со цел обезбедување поквалитетно образование и придонес кон општествена еднаквост и социјална правда.

Ова го истакна државниот секретар во Министерството за образование и наука, Елена Ивановска, на презентацијата на Нацрт-извештајот за проценка на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, која денес се одржа во Владата.

Ивановска посочи дека во изминатиот период Министерството вложило сериозни напори за зголемување на опфатот на ученици Роми во основното, средното и високото образование, за намалување на осипувањето, за зголемување на стапката на задржување и транзиција од едно образовно ниво во друго, како и за создавање поинклузивна училишна средина. Преку континуирано зголемување на финансиската поддршка во форма на стипендии, стигнавме до бројка од 1.200 стипендии за средношколци и 150 за студенти Роми на годишно ниво. Поддршка е и тоа што средношколците Роми можат да се запишат во посакуваната струка дури и ако имаат до 10% помалку поени од предвидените во конкурсот за упис во средно образование“, рече Ивановска, додавајќи дека туторството веќе е законски регулирано и дека бројот на ромски образовни медијатори во основното образование е зголемен на 50, а за првпат годинава се ангажирани и 35 медијатори во средните училишта.

Повеќе институции работеа и на зајакнување на системот на неформално образование, кој го промовира концептот на доживотно учење како формула за континуиран успех. Овој пристап го прифатија голем број припадници на ромската етничка заедница, со што стануваат повидливи и поконкурентни на пазарот на труд.

Државниот секретар посочи дека се решени и повеќе случаи кои се водеа како обиди за дискриминација и сегрегација на ученици Роми. Преку координиран пристап се зајакнува и свеста за негативните последици од ваквите појави, како и за позитивните ефекти од градење единство и заеднички живот.

Извештајот за проценка на имплементацијата на Стратегијата за инклузија на Ромите е исклучително важен и ќе ни помогне објективно да ги согледаме постигнувањата, да ги идентификуваме предизвиците и да ги насочиме идните активности врз основа на докази и препораки. Тој е добра алатка за подобрување на инклузивните политики, за унапредување на координацијата меѓу институциите, за поголема меѓународна поддршка и уште посилна политичка волја за развој на одржливи решенија за интеграција на Ромите во сите општествени сегменти, додаде Ивановска.

На настанот се обратија повеќе министри, шведскиот амбасадор н.е. Ола Солстром, претставници на Делегацијата на ЕУ во Скопје, Обединетите нации и граѓански организации.

Hazri kerga: Nedmedin A.-Roma Press