Donacija tar 1600000 denarija tar Ambasada e Kinaki baś poliklinika Śuto Orizari..

1567

Avdive panda jek doniribasko aktiviteti lingardo tar Presidenti e themako Makedonija Stevo Pendarovski avibaja ani vizita barabar  e Ambasadoreja tar Republika Kina sar donatori Zhang Zuo  ani poliklinika Śuto Orizari.

Sebepi baś vizitkeripe tano o doniribe tar 1600000 denarija baś i poliklinika savi resarela tar Republika Kina ano kinibe oprema baś RTG- kabinet, medicinako mebeli bas imunizacija ano rakatutne areskoro buthi kheripe sar thaj saniribe i ućharin (pokriv) tar i poliklinika Śuto Orizari.

Денес со претседателот на Република Северна Македонија г. Стево Пендаровски, амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија H.E. Mr. Zhang Zuo и претставници од ЈЗУ Здравствен Дом Скопје ја посетивме Поликлиника „Шуто Оризари“.
Целта на посетата е донација од амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија во ЈЗУ Здравствен Дом Скопје за поликлиниката „Шуто Оризари“ под покровителство на претседателот на Република Северна Македонија во износ од 1600000 денари, кои се наменија за опремување на нов РТГ Кабинет, опремување со медицински мебел во одделите за имунизација и дежурната служба, како и санирање на дел од покривот на поликлиниката „Шуто Оризари“ во состав на ЈЗУ Здравствен Дом Скопје.
Мило ми е што изминатата година се актуелизираа и предизвиците и потребите на локалното население од Шуто Оризари поврзани со оваа поликлиника. Благодарност до локалните НВО кои споделуваа информации и алармираа за потребите на населението од квалитетни здравствени услуги во поликлиниката.

Донацијата е поттик за натамошно изнаоѓање на системски решенија за предизвиците со кои се соочува оваа поликлиника, како и дел од здравствените установи во општините со поголем процент на ромско население, од аспект на медицински кадар, опрема и соодветни просторни услови, како и за постојано вложување во здравствениот систем и овозможување на квалитетни здравствени услуги на сите граѓани подеднакво,укажуваат од кабинетот на претседател на РСМ Стево Пендаровски.

Roma Press- kabinet presidentesko Stevo P.