I Đamija Ihlas tar Zlokukani bičalela demanti mujal o infomax baš hohavne informacie..

1586

Ano socijalna mreže i Đamija Ihlas tar o Zlokukani prekal poro fb profili havlarge DEMANTI – sar so vskerna baś hohavni informacija plasirimi tar portali infomax.

Teleder daja tumen drabaripe i sahni reakcija bičhalfi tar Đamija Ihlas.
Čitinen- Drabaren
👇
ДЕМАНТ за објавената лажна вест на порталот iNFOMAX.mk infomax.mk

Почитувани,

Ние, долупотпишаните, членови на одборот на верскиот објект “Ихлас”, Ви го испраќаме следното соопштение во кое е вклучен демант кој се однесува на текстот насловен под “Вахабистичка џамија се гради во Злокуќани без никаква дозвола” објавен од страна на порталот iNFOMAX.mk на ден 07.01.2022 год.

Д Е М А Н Т

Горенаведениот портал има објавено дека “се гради вахабистичка џамија, без благослов од Исламската верска заедница”, и дека “се работи за вахабистичка џамија која со верниците практикува радикален ислам кој не е одобрен од ИВЗ”, НИЕ КАТЕГОРИЧНО ГО НЕГИРАМЕ ОВОЈ ЕПИТЕТ, генерално е познато дека припаѓаме под “Ханефиски Месхеп”, за кој имаме официјална дозвола и одобрение од страна на муфтиството на ИВЗ-Скопје издадена на 06.06.2016 врз основа на член 32 од уставот на Муфтиството на ИВЗ-Скопје.

За истото во прилог ви доставуваме неколку официјални докази и документи кои го потврдуваат нашиот демант:

Официјален документ издаден од стран на Исламска Верска Заедница врз основа на член 32 од уставот на ИВЗ во СРМ, Муфтиство на ИВЗ-Скопје, со кој што се одобрува и согласува дека џематот од н. Злокуќани во општина Карпош, можат да ги извршуваат верските обреди т.е. клањање на намази (извршување на верски молитви) и други верски дејствија пропишани со изламските прописи.

Дополнително, порталот има објавено дека истата џамија е “дивоградба”, изјавуваме дека поседуваме имотен лист кој може да се провери во Агенција за катастар на недвижности на Република Северна Македонија.

Доколку демантот не се објави, согласно националните и меѓународните регулативи ќе поднесеме правни иницијативи за кривични дела против честа и угледот согласно Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, и ќе побараме одговорност за нанесена штета за честа и угледот на физичко и правно лице, согласно Законот за Граѓанска одговорност за навреда и клевета на Република Северна Македонија.

Roma Press – đamija Ihlas
Бајрам Исеновски
Осман Шемовиќ
Сафет Сулејмановски