27- Januari Maśkarthemutno dive ko dejbe godi tar tragedija e Holokausteski..

912

27 јануари е меѓународен ден на сеќавање на трагедијата на холокаустот што се случи за време на Втората светска војна. Тоа е ден за спомен на геноцидот што резултираше со смрт на милиони луѓе од страна на нацистичкиот режим и неговите соработници.

Терминот “Холокауст” се однесува на актите на геноцид за време на Втората светска војна – и денес многу научници се согласуваат дека тоа се однесува на геноцидот врз Евреите (познат како Шоа) и Ромски термини кои се користат за да ги именуваат нацистичките обиди за елиминирање на ромското население – се Порајмос или Фарајимос (воодушевување или уништување), Самударипен (масовно убиство) и Кали траш (црна страв). Нацистите, исто така беа насочени кон истребување на ЛГБТ, лица со хендикеп и политички неистомисленици кои не се вклопуваат во моделот на „Супер-Ариецот“.

По почетокот на Втората светска војна во 1939 година, режимот на Нацистите одлучи да ги отстрани сите Роми и Синти од територијата на Третиот рајх. Ним им беше наредено да се населат и сместат во еврејски гета и логори. Првата депортација се случи на 16 мај 1940 година од Равенсбурк во логорите на окупираната Полска.

Според архивите и најдените податоци, во март 1944 година Третиот рајх имал 22 големи концентрациони логори и 165 работнички кампови. Се смета дека тој број е поголем, односно дека имало 58 главни и 958 регионални кампови, или вкупно 1.016 кампови. Поголеми концентрациони логори биле: ДАХАУ во Германија, Треблинка во Полска, Јасеновац – Хрватска, и најголемиот нацистички концентрационен логор за масовно истребување е АУШВИЦ во Полска.

Ромскте деца и семејства биле користени за експериментите на одделот за Расна Хигиена и Популациона Биологија од страна на д-р Роберт Ритер и неговата помошничка Ева Јустин. После долгите теренски истражувања, интервјуа и медицински прегледи заклучиле дека Ромите немаат „чиста“ крв и како такви претставуваат опасност за германската расна чистота поради тоа донеле заклучок дека мора да се протераат или истребат. Дел од децата испратени во концентрациониот логор биле подложени на експериментите на Јозеф Менгеле (непотребна ампутација на екстремитетите, намерно инфицирање со тифус, инекција со хлороформ во срцето, стерилизаија и др.). Повеќето од децата на крајот биле убиени во гасните комори. Преживеале само 4 деца!

Над еден милион луѓе депортирани во Аушвиц загинаа таму. Се проценува дека шест милиони Евреи биле истребени во логорите на смртта. На 27 јануари 1945 година во Аушвиц – најголемиот нацистички концентрационен логор на смртта, сè уште имало околу 7.000 затвореници, односно луѓе кои што не беа испратени на маршевите на смртта, а повеќето од нив беа деца не постари од 15 години и лица на средновечна возраст, прегладнети и неподвижни. Истиот ден, Аушвиц беше ослободен од Црвената армија и тоа што го видоа војниците беше комшмар и нешто надвор од нормалното. Што се однесува на Ромите, кои што беа затвореници во логорот, нивниот број бил само 4!

Советот на Европа беше движечкиот дух зад воведувањето на Денот на сеќавање на холокаустот и спречување на злосторства против човештвото.

Министрите за образование од земјите-членки ја донесоа одлуката во октомври 2002 година. Додека Германија и Франција го избраа 27 јануари, денот кога беше ослободен Аушвиц, Денот на холокаустот варира во другите земји во согласност со соодветното историско искуство.

На 1 ноември 2005 година, генералното собрание на ОН со резолуцијата 60/7 го прогласува 27 јануари за меѓународен ден за сеќавање на холокаустот. На овој ден се сеќаваме на околу 6 милиони убиени евреи, над пола милион убиени Роми, и уште 11 милиони останати луѓе, кои што беа жртви на нацистите и нивните соработници.Се сеќаваме и на нашата одговорност како луѓе и општество, ужасите од тој период да не се заборават!

Кога станува збор за ХОЛОКАУСТОТ, секогаш помислуваме на одреден морничав и мрачен период од Втората светска војна, помислуваме на нацистите, помислуваме на наредбите на Хитлер, на масовното истребување на Ромите, Евреите, истребување на ЛГБТ, лица со хендикеп и политички неистомисленици. Но, многу е важно истото да не го заборавиме и да креираме свест, и знаење помеѓу нашите врсници за истото. Мораме да се потсетуваме на лошите работи, безмислените, грозни и мрачни случувања во минатото, затоа што ако не ги препознаваме истите во нашите општества, тие можат да се случат повторно, сега и во иднина. Мора да делуваме во сегашноста, влечејќи лекции од минатото, за да обезбедиме сигурна иднина за сите нас како човештво!
#neveragain #2August #Genocide #Holocaust #Remembrance #27January

Lendo tar: https://www.facebook.com/rromassn.org/photos/a.176976902352484/3897919703591500/