Африм Гаши-Нека е честит 5 Ноември – Меѓународниот ден на ромскиот јазик!

175

Avdive ano niśankeripe o 5-to Noemvri dive e Romane ćhibjako, lela than thaj o Presidenti taro Khedipe e Makedonijako, Afrim Gaśi.
Teleder daja tumen śhajipe te drabaren oleskkro mesažo.
👇👇👇
Почитувани сограѓани Роми,
Во име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија и во лично име, ви го честитам 5 Ноември ‒ Меѓународниот ден на ромскиот јазик.

Одбележувањето на овој датум значи дополнителна промоција на културната и на јазичната различност во нашата држава, како мултиетничко и мултикултурно општество, создадено од посебности кои создаваат синергија.
Од генерација на генерација, зборувајќи го насекаде низ светот, Ромите го пренесуваат низ историјата својот јазик, кој претставува културна врска меѓу различните ромски заедници во Европа.
Ромскиот јазик е нераскинлив дел од идентитетот на ромскиот народ и сведоштво за историјата на оваа заедница.

Преку јазикот, Ромите ја искажуваат и својата уникатна култура, која ја збогатува културна ризница во светот, во Европа и во Северна Македонија.

Нека е честит 5 Ноември – Меѓународниот ден на ромскиот јазик!