Чудно е како пред рамазанските пости и Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, социјалните мрежи беа празни, без ниту еден статус, како од властите така и од ромските претставници, така и за било каков настан или состојба на ромската заедница, која е сурово и многу тешка.
Одеднаш, со започнувањето на Рамазан, Фејсбук-профилите беа агресивно преплавени секојдневно од политичките претставници со слики од свечени седења, полни трпези и формални средби, во кои изразуваа особена чест и задоволство за присуството на ифтарските вечери организирани од властите.
И наидувам на истото со случувањата на одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите 8-ми Април, каде што, исто така, особена чест и задоволство им претставува на политичките претставници и на невладините организации што биле присутни на приемите кај владините претставници или кај градоначалниците.
Повторно се гледа истите лица, со свечени седења и полни трпези, и секако полни стомаци, претставувајќи го сето тоа како колективен успех од неколкучасовни нивни задоволства, додека реалните проблеми остануваат исти не решени?
Сите досегашни власти, без разлика, а особено политичките партии од македонскиот блок, веќе 35 години го одржуваат истиот модел кон Ромите-ветувања, стратегии и симболика, користење како политички ресурс, модел пропратен со предрасуди, стереотипи и дискриминација, без приоритет на реални политики. Со тоа, оваа држава јасно покажува дека нема и никогаш нема да има сериозен став кон решавање на проблемите на оваа заедница(Ромска).
Македонија, како држава, воспостави пракса дека метлите по комуналните претпријатија и манипулациите од избори до избори се начинот за „соживот“ и интеграција на оваа заедница во општеството.
Сиромаштијата, дискриминацијата, социјалната исклученост и целосната запоставеност на ромскиот народ се приоритети за решавање и треба да бидат во прв државен план. Но, затоа и ромските политички претставници во власта треба да бидат дел од решението, а не со молкот кој е евидентно присутен во нас како и со политички калкулации и широки насмевки на протоколарните седенки и полни трпези да покажуваат задоволство.
Господ бог со нас!
Aвтор:Аксел А.
(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)





































