Aktivna nasvale tar KOVID-19 lingarela 7.595 manusha..

448

Numero tar aktivna nasvale tar Kovid-19 ani them lingarelapes tar 7.595.
Ano nakhli rakh kerde tane 3.974 testija, registririme tane 668 neve nasvale tar KOVID 19 thaj 81 reinfekcinirime.
Saslarde tane 887, evta mule, thaj savore tane isipnaja tar komorbidetija.

Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава изнесува 7.595. Во изминатото деноноќие се направени 3.974 тестови, регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, сите со коморбидитети.

Според последниот билтен што го објави Министерството за здравство, досега во земјава се направени 1.870.093 тестирања. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835,а на починати 8.898.

Здравствените власти оценуваат дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. Но, за евентуално олабавување на мерките за заштита ќе се чекаат резултатите од серолошкиот скрининг.