Asocijacija,,Sonce”organiziringa regionalnikani konferencija tar 18 dji 21 Januari..

775

Asocijacija baš Demokratikano buvlaripe e Romengo,,SONCE”oganiziringa regionalnikani konferencija ani tema,,Sistemska solucie baš kherutnipa e Romane kedinako tar o Purabalo Balkan”.

O ikheripe e aktivibnasko thavdinga tar 18 đji 21 januari ani Popova Śapka,lele than misafirija tar relevatnikane institucie thaj pretstavnikoja tar birađako sektori tar i Makedonija.

O cel e kedipnasko tano baš dejbe maškar peseste informacie panle e problemeja tar kerutniphe(domuvane)e Romengo,đi akanutne nacionalnikane thaj regionalnikane praktike sar thaj čhivibe hor pomaskarutno buthi kheripe maškar e thema Makedonija,Srbija thaj Bosna Hercegovina.

👇
Асоцијацијата за Демократски Развој на Ромите СОНЦЕ организираше регионална конференција на тема “Системски решенија за домување на ромската заедница на Западен Балкан” од 18 до 21 јануари на Попова Шапка со гости учесници од релевантните јавни и државни институции и граѓанскиот сектор од Македонија, Србија и Босна и Херцеговина. Регионалниот настан се организираше со цел споделување на искуства за подобрување на практиките за домување на ромското население на Западен Балкан и продлабочување на соработката. На панел дискусиите беа опфатени следните теми: моменталната состојба со домувањето на ромската заедница на Западен Балкан, досегашни национални и регионални искуства и добри практики, проблеми и предизвици, работна верзија на предлог законот за социјално домување како и законот за легализација, модели на домување и можни решенија. Од конференцијата произлегоа препораки и заклучоци кои ќе бидат испратени до соодветните надлежни органи.
Настанот е финансиран во рамки на проектот “Заштита на граѓанскиот простор- Регионален хаб за развој на граѓанското општество” од страна на СИДА, имплементиран од Балканска мрежа за развој на граѓанското општество.

Roma Press- Sonce.