AVAJA- Press konferencija bash manipulacie kerde upral e Roma ko avutno Popis 2021 bers..

903

AVAJA- Avdive ikerga press konferencija anglal i Statistika sa sebepeja puterde te vakeren pal sa e lende informacija save tane resarde dji ani AVAJA, vakerindor direktna primerija tar kerde manipulaije upral e Roma ano avutno Popis 2021 lingardo ani them Makedonija.

Teleder daja tumen linkoja thaj havlaribe savo si kerdo ani Makedonikani chib sa sebepeja te haloven hem o na Roma.
Drabaren teleder..

Граѓанското движење – АВАЈА во изминатите десет дена нотира сериозни неправилности,
притисоци и манипулации врз ромската заедница при спроведувањето на пописот во
државата. Овие манипулации се случуваат на места каде што Ромите живеат во средини
каде што има доминантно население на други етнички заедници.
Од мониторингот на терен забележани се следните неправилности во неколку критични
општини:
– Струмица: регистрирање на лица кои биле попишувани пред продавница на улица
Бетовенова и не прашување на прашањето за етничка припадност од страна на
попишувачот
– Струмица и Радовиш: припадници на турското движење се пријавени како одат заедно
со попишувачите во Ромските маала и домаќинства, при што давале турски знамиња
додека се одвивала “статистичката операција“. За овој случај реагираше и ДЗС меѓутоа
немаме информации дали е повторен пописот на овие места и дали се преземени
соодветни постапки спрема инволвираните
– Велес: попишувачот во текот на спроведување на пописот велел дека нема етничка
припадност Ром/Ромка во пописниот прашалник – овој попишувачот бил отстранет од
пописот, но по неколку дена попишувачот бил вратен на терен – Кој ги дал инструкциите
за враќање на попишувачот на терен? Дали пописот е повторен на тој реон? Како може
попишувач да биде отстранет поради нерегуларности и повторно да биде вратен на
терен? Дали е поведена постапка против локалната пописна комисија која повторно ја
вратила попишувачката на терен.
– Тетово: попишано ромското семејство како албанско затоа што во цела околина
живееле Албанци. Забележано исто така внесување на податоци во тетратка за да
попишувачот не се враќа повторно во истото домаќинство. Дополнително, има и други
случувања во Тетово во форма на притисок каде попишувачот по неколку пати ги прашува
Ромите за етничката припадност
– Дебар и Кичево: попишување на ромски семејства како Албанци без да бидат
прашани за етничка припадност
– Берово: Попишување на ромско семејство како македонско

Граѓанска движење – АВАЈА
Civic movement – AVAJA

ул. Аминта трети бр.33А/1-25 – 1000 Скопје – www.avaja.org – [email protected] – str. Amintra Treti 33A/ 25/1 – 1000 Skopje
– Виница: попишување на лица само со земање на лични карти, попишување на
Роми како Турци
– Во Гостивар на барање на граѓани да бидат попишани на ромски јазик, истите случаеви
не се пријавуваат во општинските пописни комисии. Во Гостивар е исто така забележано
сликање на лични карти во ромски средини.
– Генерална забелешка во сите општини е дека попишувачи земале само лична карта без
да прашуваат прашања поврзани со етничкиот идентитет на граѓаните.
Сите горенаведени примери укажуваат на серија на неправилности, притисоци и
манипулации коишто насочуваат дека ДЗС нема целосна контрола врз спроведувањето на
пописот бидејќи општинските пописни комисии го контролираат процесот преку
инструкторите и попишувачите.
Исто така сакаме да напоменеме дека горенаведените случаи особено со земање само на
лична карта придонесуваат за брзото спроведување на пописот на населението кое на
крајот резултира со квантитет, а не квалитет на собирање на податоци.
За надминување на ваквата состојба со цел да се спроведе кредибилен попис ги
упатуваме следните барања до директорот на ДЗС:
– Да се донесе одлука да се повтори пописот во оние реони каде што се забележани
нерегуларности од страна на населението и граѓанскиот сектор
– Да се продолжи рокот за спроведување на пописот на оние локации каде што пописот
нема да биде завршен во предвидениот рок и на оние локации каде што имало
нерегуларности и притисоци
– Бараме во текот на повторувањето на пописот да се обезбедат стриктно попишувачи
Роми, со оглед на тоа дека одредени попишувачи ја злоупотребуваат својата положба
– Да се поведе соодветна постапка против попишувачите и други структури кои свесно ја
искористиле својата положба за вршење на манипулации
– Од државниот завод за статистика бараме транспарентност во процесот на попишување.
Ние денес дополнително за ваквите случувања ќе испратиме допис до:
– Претседателот на државата и владата на РСМ
– До министерот за Правда
– До дипломатските претставништва во државата и мисијата на ОБСЕ и Евростат

Пописот е национално прашање кое ја засега целата ромска заедница, оттаму како
општествени чинители ги повикуваме сите политички партии, граѓански организации,
коалиции, мрежи, медиуми и други чинители, предводени од Роми да изразат силна
поддршка за повторување на пописот во одредени локации.
Целосната изјава од прес конференцијата е достапна на следниот линк:
Facebook: https://fb.watch/8hnmH_6UYj/
Youtube: https://youtu.be/8rZSdxUAXWo

Roma Press- AVAJA