Kolumna tar o M-r Śenaj Osmani,, Analizе jali kvaze analize” ..

1743

Последните неколку години сме сведоци на низа политички анализи произлезени од т.н. аналитичари кои во ниту еден момент неуспеале да ја прогнозират или погодат сршта на темата за која ја правеле својата анализа.

Тоа беше тој факт што ме поттикна да напишам анализа за реално потребната состојба на нашата држава, а верувам дека голем дел од читателите на мојата колумна ќе се сложат со фактите и препораките наведени подоле.

Барем јас досега немам слушнато, ниту прочитано некој од политичките аналитичари да дадат свое мислење околу поставениот систем по кој функционира нашата држава, кои се предностите и недостатоците на самиот систем. Сите аналитичари зборуваа дека таа власт има свои недостатоци, оваа власт повторно има недостатоци, а никој незборува за системските недостатоци кои се клучни за спроведување на соодветните државни политики.

Било која политичка партија да дојде на власт и да работи по системот кој во моментот се користи ќе биде неуспешна, граѓаните уште поразочарани а сиромаштијата и понатаму ќе владее. Сето оваа ни укажува дека Македонија има потреба од системски промени, промени на глобално ниво, како во Законодавната, Извршната така и во судската власт.

Немора човек да биде многу мудар, да размислува или да продуцира новитети во системот, доволно е само да се ископират позитивните системи од развиените европски држави каде е активно владеењето на правото и меѓусебната почит кои слободно можат да се нарекуват како правна држава. Во државите каде владее правото, на власт се граѓаните, ако на гаѓаните не им се овозможува уживање на основните човекови права таа држава неможе да се нареку правна држава.
Незнам како да го започнам почитувањето на правата на малцинствата, незнам од причини што системот недозволува такво право, припадник на помалите етнички заедни неможе да го оствари своето право бидејки тоа не е системски решено и само поради тој пропуст припадниците на помалите етнички заедници остануват на работ од системот со што се предизвикува лоша социо-економска состојба кај тие заедници. Третманот кон припадниците на малата заедница е повеќе од лош, дури може да се каже и недоличен ако изгледот му е сиромашен.

Така да јас проблемот не го гледам во политичките партии, проблемот треба системски да се решава. ЗАТОА ги повикувам креаторите на државниот систем да ги анализират системите на развиените европски земји и да почнат со копирање.

Не барам никој да се препознае во мојата колумна, она што сакав да го казам во истата е веке напишано.
Со почит кон сите политичари.

Колумна на М-р Шенај Османов – Рома Пресс