Bahtarin tar Hristijan Mickovski baš o biđuko 23 Oktomvri

1564

Bahtarin baš raštrakoro biđuko 23 Oktomvri tar Presidenti e par5ijako VMRO DPMNE Hristijan Mickovski..

Дозволете во мое лично име и во име на членовите на ВМРО-ДПМНЕ, на граѓаните на Република Македонија да им го честитам празникот 23-ти Октомври- Денот на македонската револуционерна борба, ова денеска преку честитка до сите граѓани го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

-Таа борба која ја почнале Груев, Татарчев, Поп Арсов, Хаџи Николов, Димитров и Батанџиев била водена од искрената и чиста цел за слободна Македонска држава и таа борба низ годините била водилка на илјадниците македонски револуционери кои живееле и умирале за Македонија. 23-ти Октомври е темелот на кој се надоврзуваа Илинденската епопеја и Крушевската Република, Народноослободителната борба и АСНОМ, но и 8-ми Септември и независна Република Македонија. Истрајноста на тој идеал за слобода и еднаквост 126 години покажува дека овој народ и оваа држава негувале и ќе негуваат европски и цивилизациски вредности и сите ние на тоа треба да се гордееме и да продолжиме да го градиме, рече Мицкоски.

Тој додава дека наша обврска како народ е да ја продолжиме оваа борба не само како спомен на нашите предци, туку и како завет за идните генерации. Само со труд, постојанство и обнова можеме да бидеме сигурни дека Македонија ќе чекори кон напредокот и успесите, наместо поразите и уназадувањето.

-Македонија ја чекаат предизвици, но и подобри времиња. Како никогаш порано судбината на нашата земја е во рацете на нашиот народ, а јас силно и цврсто верувам дека обновата ќе дојде. Нека е честит празникот. Нека е вечна борбата за Македонија. Нека е жива Македонија, додаде Мицкоски.