Birađaki organizacija,,Barikanipe”ikjerga duje divesengi bukarnisikhlovni..

1012

Romani kulturaki thaj media centrumi Barikanipe ano duje divesengo bukarno sikhlovipe anavkerdo telal o moto,, Tradicionalnikano šužinkeripe e đjuvlako thaj ornamentika sa mangipnaja arakhipe indijaki romani kultura”.
I sasti čipota sas kerduni baš o dive e djuvlako 8- to marti, aso kergapes i realizacija ano buthi kheripe e Khereja kulturako Kočo Racin- Skopje, dis Skopje thaj amala tar India.

Ромскиот културен и Медиа центар БАРИКАНИПЕ, на 7 и 8 март ја реализираше дводневната работилница “Традиционалната убавина на жената и орнаментика та,сочувано наследство од индиската во ромската култура”.
Настанот е по повод Меѓународниот ден на жената 8.март, а се реализираше во соработка со Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје, Град Скопје и Friends of India.

Предавач на едуактивната работилница беше Стела Христова-Сачи од Бугарија која првиот ден на учесниците им предаваше за традиционалните обичаи кај индиската жена по што учесничките имаа можност практично да се запознаат со нивните вештини на разубавувањето преку украсувањето со кана, користење на бинди и разменија информации за зачуваните обичаи кај нас.

Вториот ден имаше предавања за потеклото и користењето на традиционалната женска облека при што учесничките во практичниот дел научија како да облечат сари, а потоа следуваше и духовна музика од страна на членките на Friends of India.

Hazri kerga: Neđmedin A.Roma Press