Dejbe dumo e Romengo ani Vinica..

781

Delegacija lingarfi tar pretstavnikoja CELIM – Italija, Romano Resurnikano centro tar Skopje, Sovetniko tar Rađi Makedonijaki Elvis Memeti thaj o Śerutno e dizjako Vinica Mile Petkov ano 18 dive tar Fevruari sine olen bukarno dikhipe sebepeja te vizitinkeren o thavdipe tar realizacija e proektesko,,Arakhipe pośukar šartoja đjivdipnaske e Romenge ani Vinica”.

O timi akale misafirlukosko ano jekh sine olen śhajipe pašaldan te penđargoven e đjivdipnaja e Romengoro numa thaj te diken e 22 renovirime khera, o kherdo drom tar 1000 m2, lačhardi kanalizacija tar 500m savate isi olen šhajipe e dizutnen te čhivenpes.

O proekti tano realizirime lovenge dumeja ikherdo tar Evropaki Unija aso thavdinga ko buthi kheripe e Ministeriumeja baš trud thaj socijalna politika.

Делегација составена од претставници на ЦЕЛИМ од Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје, Советникот за Ромски прашања во Владата на С.М. Елвис Мемети и Градоначалникот на Општина Виница Миле Петков на 18.02.2022 година имале средба-посета поврзано со проектните активности „Обезбедување на подобри услови за живеење на Ромите во општина Виница“.

Целта на посетата беше да се види на терен прогресот на проектот во однос на подобрувањето на лошите услови за живеење на најзагрозените ромски семејства во општина Виница.

Претставниците на делегацијата имаа можност на терен да ги видат реновираните куќи на 22 ромски семејства, изградената улица во должина од 1000 м2, изградената канализација во должина од 500 м со капацитет за приклучување на 100 семејства. Меѓу другото имаа можност да разговараат со сопствениците на куќите кои се реновирани и да слушнат изјави од самите граѓани за разликата во условите за живеење кои ги имаа претходно и сега после интервенцијата со проектот.

Овој проект е финансиран од Европската Унија преку делегацијата на Европската Комисија во Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика.

Проектот го имплементираат ЦЕЛИМ од Италија, Ромскиот Ресурсен Центар од Скопје и општина Виница.

Roma Press-Neđmedin A.