Šerutno tar Komuna Šuto Orizari bičavga havlaribe đi o medie demanti baš aktuelna informacie panle e nevutne aktivitetensar save legarenapes ano šerutne droma ani Komuna Šuto Orizari.
Teleder drabaren o sasto demanti ani makedonikani čhib..
Почитувани граѓани и медиуми,
Градоначалникот на Општина Шуто Оризари – Курто Дудуш, најостро ја демантира и отфрла содржината и објавените наводите од вчерашната информација, објавена на неколку медиуми, и воедно поврзана со наводно купување на политички гласови преку работата на општината за воспоставување на прописно просторно уредување согласно законските прописи.
Изречените мандатни казни, според изнесените наводи, се во согласност со законот за јавна чистота, член 14, според кој се забранува поставување на урбана опрема и други подвижни и неподвижни предмети, фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал (градежен шут), освен за места определени за таа намена растурање на сметот од вреќи, контејнери и други видови садови за собирање смет, уништување на урбана и друга опрема.
Воедно, во изминатион период, Општина Шуто Оризари, согласно законските прописи постави хоризонтална сигнализација за маркирање на места на кој можат да се постават трговски штандови.
По повеќекратно инсистирање од страна на закупците на тезги дека не треба да бидат спроведени мандатните казни за непрописно и незаконско работење, беше свикан состанок со цел дополнително информирање околу законските норми кои треба да бидат еднакво почитувани од сите граѓани.
Тврдењата за наводното самоволно функционирањето на Градоначалникот Курто Дудуш се политички конструирани и оркестрирани со цел нанесување на штета врз неговиот професионален и личен углед, како и нарушување на угледот на Општината.
Општина Шуто Оризари, апелира го сите граѓани, прописно да ги постават трговските штандови почитувајќи ги законските одредби согласно законот за јавна чистота.
Roma Press-sutoorizari.gov.mk