Havlaribe thar Siklana P.R.H-Hramovibe ko 1-to berš khi Siklovni

827

ОУ „ БРАЌА РАМИЗ-ХАМИД“ – Општина, Шуто Оризари – Скопје И З В Е С Т У В А  до сите грагани за запишување на учениците во прво одделение Врз основа на член 46 од Законот за основно образование:

(1) Децата во прво одделение во основно училиште се запишуваат во месец мај за следната учебна година (2019/2020 година).

(2) При запишување на детето во прво одделение родителот е должен да достави потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.

(3) Основното училиште е должно да ги опфати учениците од својот реон. Член 47 (1) Во прво одделение на основното училиште родителот е доолжен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни 6 години.

(2) По исклучок од ставот (1) на овој член , детето може да се запише во прво одделение, по претходно барање од родителот и добиено мислење од педагогот или психологот во училиштето.

(3) Запишувањето на детето, на барање на родителот, здравствената установа може да го одложи за една година ако се утврди дека детето не е подготвено да оди на училиште.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ:

– Потврда за примените задолжителни вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа – фотокопија од извод на матична книга на родените (за идентификација на ученикот) – потврда од систематски преглед на орална празнина од стоматолог, издадена од стоматолошка амбуланта Родителите се обврзани да ги достават потребните документи за запишување на децата во прво одделение на денот на уписот.

СО УЧЕНИЦИТЕ, КОИ СЕ ЗАПИШУВААТ ВО ПРВО ОДДЕЛЕНИЕ ЌЕ СЕ ВОДАТ РАЗГОВОРИ КАКО И СО НИВНИТЕ РОДИТЕЛИ. Уписот ќе започне на 02.05.2019 година Лице за контакт: Стручни соработници (педагог, психолог) Дата: 25.04.2019 г. Директор Скопје Алвин Салимовски

 

Hazri kerga:Roma Press