Horor ano Karpoš- Daj ikerla panli pe ćhajorija 16 berśengi..

796

Horor ano Skopjeskoro Karpoś: Pal nekobor ćhonengi drama i policija agglal duj dive kerga asistencija barabar e socijalno bukarnencar thaj e čhavorengi Ambasada Megaśi. Arakhle e 44 beršenge dajori savi pere 16 berśenge ćhaja ikerlala sine panli ano kher thaj kerla upral olate zor(sila). Numa i daj po anglal havlarela sine ani Ambasada Megaśi so khoni aver tar familija kerna zorja upral olakiri čaj numa pal disavo vakti kana śunge sar i ćhaj kerla čingara halile so si i daj save kerla takati upral piri ćhaj.

I policija kerla buti pal akaja ćipota, lela than thaj javno obviniteli, akana vazdelapes bangivalo kotor mujal (protiv) i daj. Sar so vakerna e informacie i čhaj savi sas arakhli ano kher sine ola phare sastipnaskoro takati.

Хорор во Скопско Карпош: По повеќемесечна драма полиција пред два дена со асистенција од социјалните служби и Детска амбасада Меѓаши / Children’s Embassy Megjashi ослободила 16-годишна девојка, чија мајка ја држела затворена.
Се уште е мистерија колку долго скопјанка ја чувала својата 16 годишна ќерка заклучена во стан во Карпош. Драмата се случувала подолго време кога првин мајката се јавувала во детската амбасада „Меѓаши“ и пријавувала малтретирање од лица од фамилијата и од соседите. Состојбата ескалирала кога мајката јавувајќи се секогаш во доцните часови, а операторката слушнала крици од друг женски глас. Пријавиле во полиција и полицијата заминала заедно со претставник од Првата детска амбасада „Меѓаши“ и во станот наишле на потресна ситуација. Гласот кој го слушнале всушност бил на ќерката на жената која се јавувала од ноември.
Девојката била пронајдена во тешка здравствена состојба.
МВР засега поднесе кривична пријава за дело на противправно лишување од слобода од кривичниот законик според кој – Ако противправното лишување од слобода траело подолго од 30 дена или е вршено на свиреп начин или ако лицето противправно лишено од слобода поради тоа му е нарушено здравјето или настапиле тешки последици, сторителот ќе се казни со затвор од една до пет години

Но и според член 201 според кој – Родител, посвоител, старател или друго лице кое со грубо запоставување на својата должност за грижа и воспитување ќе го запушти малолетното лице или ќе го малтретира, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Извори од истрагата велат дека ќе се проверува дали овој случај бил претходно пријавен во центарот за социјални работи, колку време девојчето не одело на училиште, дали самото училиште пријавило за тоа.

Од МВР посочуваат дека сите преземени мерки се извршени со судска наредба, а за настанот е известен надлежен Јавен обвинител. Против Н.К. првично ќе биде поднесена кривична пријава по чл.140 став 5 и по чл.201 од Кривичниот законик, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.

Roma Press thaj izvorija:Megaśi, MVR.