Importatno havlaribe tar Romaverzitas baš o stipendistoja..

649

Importatno Havlaribe!                                          Важно известување!

ROMAVERZITAS- Havlaribe savo si inportatno te drabarenle (ćitinenle) sa e srednoškolcija tar Skopje save apliciringe  baš stipendie  havlardo tar o Ministeriumi baš edukacija thaj nauka śhaj avena ano thana ko Romaverzitas te delpes olenge dumo.

Сите средношколци Роми од Скопје кои што ќе аплицираат за стипендија објавена од Министерството за образование и наука може да се обратат во просторите на Ромаверзитас заради дополнителна логистичка подршка, проверки и помош во пополнувањето доколку е потребна како и принтање на документи поврзани со Конкурсот.

Имајќи ја во предвид ситуацијата и потребата од одбегнување на групирања потребно е да се најавите во некој од следните телефонски броеви кај одговорните лица во Ромаверзитас за да се договори вашиот термин и доаѓање во просториите на Ромаверзитас. Канцеларијата се наоѓа веднаш до зградата на парламентот или на улица ул. 11 Октомври бр. 8/1-2, 1000 Скопје.

1. Шенас Имер, координатор 075 269 165
2. Надир Усеин , асистент 075 269 164
3. Сирхан Усеин, студентски координатор Аваја, 079 316 700
4. Селика Алили, финансиски офицер 076 619810

Во помош на овие активности ќе бидат вклучени и волонтери како и Студентската унија на Ромаверзитас – преставникот на средношколците Нејас Рушидов.

Рокот за доставување на потребните документи е од 27.10.2020 до 09.11.2020 година, од 09-15 часот.

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://konkursi.mon.gov.mk а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во Министерството за образование и наука, (ул. Св. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје),

1. Евидентен лист, само за кандидатите што ќе аплицираат хартиено;
2. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2020/2021 година;
3. Заверени на нотар фотокопии од свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелство од IX одделение);
5. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет страницата на Министерството;
6. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити и податоците во нив се идентични со оние податоци внесени во електронската пријава, објавена на интернет страницата на Министерството;
7. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка, објавена на интернет страницата на Министерството;
8. Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница (објавена заедно со конкурсот на www.konkursi.mon.gov.mk);

Roma Press- lendo havlaribebtar Romaverzitas.