Од ЈСП Скопје велат дека се запознаени со случајот, земени се изјави од двајцата контролори, а случајот се процесуира пренесува радиомоф
„Против контролорите ќе бидат изречени соодветни дисциплински постапки, кои ќе ги утврди комисијата врз основа на тежината на прекршокот на кодексот за работа. ЈСП Скопје се оградува од вакви изолирани случаи, а сторителите на истите соодветно ги казнува. Во случајов, од дописот/реакцијата не станува збор за евентуална дискриминација по било кој основ, туку за недолично однесување на посочените контролори.
ЈСП Скопје се извинува на патникот за непријатностите кои ги доживеал“, велат од ЈСП Скопје.
На овие информации преку фб реагираал Сирхан Усеин „Нe се согласувам со изјавата на јсп дека нема во овој случај дискриминација и тоа како има повеќе пати ми се има десени од страна на контролори да бидат насилни спрема мене и на сограѓани со кој се возам низ јавниот сообраќај и повеќе пати да ме дискриминират, еден друг случај е тоа што не им е јасно на контролорите како може еден Ром да има годишен билет плус тоа уште па црн ми имат барано лична карта ок имат право на тоа работа им е и тогаш изреагирав само што се беше сведено на нормален разговор а ова вчера што ми се случи имат вршено врз мене и физичко и психичко насилство доста време е да кажеме СТОП.
Очекувам по строги казни и идам до крај правдата треба и мора да биде на виделина денес мене утре на секој од еден од нас.
Фала ви од срце за поддршката што ве има во волкав број навистина ми значи и ми дава извор на енергија да продолжам напред односно до крај“ вели Усеин.
Roma Press- Neđmedin A.