Колумна: Севгул А.- Што се случува со нас..

1939

Улогата и задачата на владателите/авторитети не секогаш беше да нивниот глас биде влијателен, гласен, јасен и многу битен за да може да допре до секого. Но, денес на чинителите од политичката фела, интелектуалната, самоoгласeните активисти,најавувачи и мегафони, фб.фалбаџии, аналитичари и да не ги заборавам оние посебните познавачи на СЕ денес се ставени на стенд бај (stand by) се прашувам Зошто? Што се случува.

Ако говорам дека неретко Ромите имаме нарачени ативности или подобро кажано како другите ќе ни укажат така ние по тој правец се насочуваме, и спротивно ако сме малку погласни а ни се дава таа можност повторно од некоја друга страна за другите веке сме етикетирани како нивни противници.
До кога ние треба да бидеме со едните или со другите а повторно да го живееме секој божји ден во немаштија, голгота едноставно во мизерија.

Тогаш се поставува прашање- имали механизам како да се обесправиме?
-Има-ли некој слух за нашата лоша економска, социјална па и политичка состојба?
-Имаме-ли слобода на говор па и демократија?
-Има-ли некој кој може да ги слушне обесправените,дискриминираните и безгласните?
-Нема или има..?

Тоа што е чудо!Покрај хаотичната состојба на Ромите во сите сфери на нашето опкружување во време на економска, здравствена и енергетска криза, и покрај тоа што ромите со големи маки и тешкотии го затвараат месецот крај со крај да не укажам дека само преживуваат, денес протекуваат информации дека се имало желба за регистрирање на нови политички субјекти покрај посточките, аман луѓе што се случува со вас, требали да ги набројам сите постоечки партии?Рака на срце еден дел од нив се на вештачка храна во интезивна нега и поддршка.

Во кое време живееме веке да се немало ни слух ни вид. Има-ли пилот на овој авионски безнадежен лет на кој неможе да се најде крај на летот, до кога желбите и фрустрациите на поединци ке газат врз бедотијата на обичниот Ром, што се случува, до каде ве води бесот и неправдата која ја нанесувате врз вас ама и во нас.

Според последните изборни податоци на кои се укажува многу бројни резултати со кои ние располагаме како заедница со право на глас и тие за жал се поразителна,требали да ве потсетам на последните избори колку процентуално Ромите го искористија своето право на глас(Со расцепкување на гласот на Ромите уште повеке ја влошувате состојбата со која и никогаш нема да бидеме вреднувани пред другите).
Покрај мизеријата,обесправността, нееднаквостта, безгласни сме во политичкиот живот, безпретставници на законодавната и централната власт а вие се уште говорите за желби и расцепкување на Ромскиот глас СРАМНО.
Треба-ли да говорам за пописот на населението во 2021 год, според вас и нас паметнаците бројката 2.34% роми регистрирани (запишани) во РСМ е реален или? Спиете-ли мирно без кошмар, да не заборавивте дека секој еден од нас имаше одговорност за секој ром да биде регистриран ,тогаш сите ние занемарено го пропуштивме летот и никој од вас гласно па и дрско не реагираше за неправдата направена врз Ромите, и за истата ако сакаме да биде праведна тогаш треба да чекаме најмалку од 15 до 20 год. Нема да говорам за злоупотребата и потрешените средства кои беа наменети за важноста и успешноста на пописот.

Зошто никој не реагираше? Затоа што на секој еден од нас друг ги држи уздите, впрочем како да сме глуви и слепи треба-ли некој друг да ни дозволи за правецот на патот кога треба да сме гласни, кога треба да плачеме, кога да лелекаме кога и само до кога?
Според еден мал дел од горе укажаното сеуште вие без срам повторно имате желба за регистрирање на уште политички субјекти (партии) БРАВО- АФЕРИМ.

Се поставува прашање -Зошто во веќе постоечките партии не се дава можност на млади кадри, образовани,интелектуалци да можат и тие да се сносат со партиската одговорност, ама тука имаме друг феномен станува збор за нашата пуста самабендисаност која не носи на поврат и бездна(амбис).
Според вас живеењето на Ромите во беда и мизерија или едноставно пуштени сами на себе тоа не е важно,но битен и важен момент како да ги задоволиме вашите фрустрации(его), омразата еден кон друг и на крај да се исполни вашиот душевен мир со тоа што вие да бидете позната(фаца).Не знам дали треба да плачам или да се смеам.

Мојата поента со денешниот напис само сакав да ја споделам нашата заедничка грижа како и вистина која се случува со нас(Ромите), и небарем малку да ја разберат суштината за нашата состојба како народ која нема матична држава,но за која многу често сме сведоци дека е вметната во лавиринтот на секојдневието за која нема излез и го чувствува живеењето на два аршина ,,За едните мајка за другите макеа”Зошто тоа е така.
Да, повеќе од јасно од која причина сме таму кај што сме,Авионот ако нема пилот тогаш летот се знае како ке заврши.
Ромите се народ кои немаат своја матична земја,Но ја почитуваат секоја држава во која живеат и на крај повторно се оставени сами на себе.

Автор:Севгул А.