Kолумна-Елма Д. Не суди … промени се

267

Неморал, неетика, неизмерност, лаги, приоритет на материјалното во однос на вистината….. и што уште не. Исклучоците не ја градат сликата или не ја рефлектираат општата визија за тоа како треба да изгледа едно квалитетно опшество. Сите ние, сите заедно, уште кога бевме млади бевме сведоци па може и учесници на неизмерна лага која тебе лично ти помогнала да земеш воздух, да “преживееш” во конкретната ситуација.

Системот?? Хмммм…. А кој е тоа, од кои се состои, кој го креира? Ние, драги мои ние….. оние кои не можат да чекаат на лекар бидејќи неговата болка е поголема а не е ниту на ред, не обраќајќи се за молба претходно, оној кој неговиот живот е “побитен” па се изборил за приоритетна листа за оперирање од другиот кој не станува и нема кој да му подаде ни рака. Ние… кои собираме финансии да помогнеме од сопствен џеб а врвот- одговорен за истото крца за туѓ џеб. Ние, кој се сопнуваме едни од други се со цел да застанеш или да застанам пред тебе за било што.

Ние, Вие кои ако е поинаков го ставаш да седи на последна клупа зошто ја бои сликата во шарени бои а не треба…. не е “ТВОЈ”. Ние, драги мои кои ќе се избориме да ги ставиме во бездна тие кои се “тркаат” паралелно со вас, бидејќи тое не е привилегија тоа е недозволено и не смее. Тие кои ако патиките не ми беа бренд не можев да влезам во посакуваното друштво.
Малцинство не е само етничка група, малцинство можеш да бидеш и ти и јас, ако сме поинакви, ако сум интровертен/а, ако сакам да “пораснам” а немам шанса. Е баш тоа немање шанса….. било каква, нему најважна може да те направи МОНСТРУМ. Ете, сето ова заедно гради еден таканаречен систем на едно опшество… сегашно, минато но монструозно. Системот не е Премиерот, не е Претседателот, не е Министерот….. тие се формациски места кои ги пополнуваме “НИЕ”, не е битно како….. растел, живеел идентично како сега, како порано. Најчесто, за да поправиш нешто најпрвин грешката ја бараш во себе, колку знаевме или знаеме што е колективна свест и конкуренција или само “газиме” за да бидам ЈАС. И сега……… сега веднаш ќе менуваме криза и возрасни реализирани личности??.

Има еден термин се вика…. Зацврстени корени на нацијата кои треба да се менуваат уште од многу мали нозе. Исклучоците не ја даваат општата практика на живеење но можеш и ТИ да се најдеш себеси во ситуација на обостраните жртви…жалејќи по изгубеното чедо или родителот на “пропуштеното дете од раце”…. Фактичките причини се тука но природата на причините само жртвите ги познаваат. Затоа не суди и ти се дел од оваа СМРДЕА, ти го градиш ова дело таканаречено СИСТЕМ НА ЖИВЕЕЊЕ а болката за детето е иста колку и да е пропуштено од раце… ако гледаш дека се дави во длабочините и го губиш, родителот инстиктивно ќе фрли елек за спасување.

“Јас те родив јас ќе те убијам” е само воспитна мерка која ќе се фати зависно од сите надворешни фактори кои не опкружуваат а факторите сме НИЕ. Исплаши се и почни од себе со промена, помогни, разбери, диши ист воздух со “различниот”, заборави на суровиот начин да бидеш во првите редови за успех, за престиж, за личен напредок, не мисли на формациското место, мисли на колективитетот како заедништво како освоена мисија и не делувај селективно тоа се гледа од километри.

Автор:м-р.Елма Демировска

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)