Lingaripe e Strategija baš hakaja e Romenge thaj Egipkanija ani Crna Gora..

1104

Ano 21 Oktomvri 2021 berś, ani Podgorica ikergapes konstitutivnijano khedipe tar i Konisija baś dikhipe thaj lingaripe e strategijako baś socijalnikano lejiba than e Romengo thaj Egipkanija ani Crna Gora 2021-2025 berś.
Komisija kerdi tani bahaneja tar Ministetiumi baš Nijamalipa,manuśikane thaj etnikane nijamenge. Aso lingarutno akale bedenisko tano Presidenti o m-r Sokol Beganaj thaj avera đjene tar institucie vi tar Biradakoro sektori.

На 21 октомври 2021 година, во Подгорица се оддржа конститутивен состанок на Комисијата за следење на спроведувањето на стратегијата за социјална вклученост на Ромите и Египќаните во Црна Гора 2021-2025 година. која е формирана со Одлука на Министерството за правда, човекови и малцински права. Комисијата ја сочинуваат претставници на надлежни институции идентификувани како носители на одредени активности од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата и брои вкупно 22 члена. Исто така, покрај наведените претставници од надлежните институции, во работата на комисијата се вклучени и претставник од Советот на Ромите во Црна Гора, како и 3 (три) претставници на невладини организации.
На состанокот беше усвоен Деловникот за работа на Комисијата, по што претседателот на Комисијата м-р Сокољ Беганај ги потсети членовите на обврските од Акцискиот план за спроведување на Стратегијата што треба да ги спроведе крајот на 2021 година. Исто така, на средбата беше договорено следниот состанок да се одржи во декември 2021 година, на кој ќе се направи пресек на реализација на активностите од Акцискиот план за 2021 година и ќе се предложат нови активности за следниот Акциски план 2022 година.

Roma Press