Mickovski- Savore đaja ano Alosaribe thaj anaja o jekto than e anavkerde parolaja,, Obnova za Makedonija”

1024

I opozicija tani hazri baš lejbe than ano anglal vaketeskere Alosaribe ani Makedonija, phanlo lafi ando ano purano kurko maškar o liderikano dikhipe. Daja tumen šajipe te drabaren o vahtavi tar opozicijako lideri ani Makedonikani čhib Hristijan Mickovski.

Мицкоски: Сите заедно одиме на голема победа која ќе ја донесе обновата на Македонија.
Завршува арамилукот, срамот, неправдите и назадувањето донесено од Зоран Заев и оваа влада.
Од 3-ти јануари техничка влада на 12-ти април избори.
Иако се тешки времиња изборот никогаш не бил појасен.
Сите заедно одиме на голема победа која ќе ја донесе обновата на Македонија.

Имавме плодна и квалитетна дебата, во првиот дел ги реафирмираа сите учесници на средбата ставовите дека остануваме посветени на евроатланската интеграција на Република Македонија, членството во НАТО Алијансата и се разбира работењето понатаму во иднина за добивање дата за отпочнување на преговори со ЕУ.
Тука не постоеше дилема кај никој од учесниците и мислам дека друга алтернатива за Република Македонија и не постои практично, и мислам дека тоа на новинарите им беше кажано од страна на претседателот на државата.

Во вториот дел разговаравме за предвремените парламентарни избори коишто се неминовност после ова што се случуваше, а тоа е нели оној дебакал којшто го доживеа владата предводена од Зоран Заев и СДСМ.
Практично поразени се арамилукот, поразени се неправдите, поразени се сите оние криминални афери коишто се случуваат во изминатиот период. Следуваат предвремени парламентарни избори. На тие предвремени парламентарни избори победува обновата на Македонија, а потоа засукување на ракави и безкомппромисна работа секој ден за да можеме да го постигнеме сето она коешто е изгубено во овој период и Македонија да ја ставиме на брза лента за да стане дел од европското семејство.

Roma Press