Nevo koncepti baš khedipe e gubrija ando Skopje

1023

Од денеска почнуваме целосно да го менуваме ликот на нашиот град. Дел по дел, чекор по чекор во Скопје ќе престанеме да ги гледаме глетките на незатворени и преполни контејнери со отпад, кои околу себе шират непријатна миризба и остават впечаток на нечист град. За таа цел, градот набави нови контејнери коишто се највисокиот технолошки стандард, познат и применет во Европа.

Станува збор за 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри со коишто ќе бидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 досегашни стари контејнери. Потоа, имаме и 30 контејнери за селектирање на отпад од 2.200 литри. Со оглед на тоа, што станува збор за сосема нов систем, градот набави четири нови комунални возила за третман на овие контејнери – рече градоначалникот Шилегов.

Денеска беа промовирани и новите 950 корпи за џебен отпад што претставува зголемување за една половина од досегашните 1.750 корпи, како и новите 12 електрични машини за вакумско чистење и 10-те електрични возила за чистење и миење на јавните површини.

ROMA PRESS