Во рамките на проектот Зајакнување на здравјето на жените ромки, Национален ромски центар на 25.07.2019 година имаше консултативен состанок со претставници на Програмата за јавно здравје на Фондација отворено општество Берлин и Скопје. На состанокот присуствуваа претставниците на програмата за јавно здравје: Marek Szilvasi, програмски офицер во Програмата за јавно здравје на Фондација Отворено општество, чиј фокус се етничката и здравствената еднаквост и здравјето на Ромите, Maja Саитовиќ, специјалист на Програмата за јавно здравје на Фондација Отворено општество, која работи на Проектот за здравство на Ромите , Сузана Велковска Координатор на Програмата за јавно здравство Фондација отворено општество Македонија, Александар Марковски, асистент за Програмата за јавно здравство на Фондација отворено општество Македонија
Во име на НРЦ, извршниот дирекктор Ашмет , им се заблагодари на довербата и понатомашната поддршка за јакнење и подобрување на состојбата на здравјето на ромите пред се жената ромка.
Во текот на продуктивната дискусија беше разговарано за идните стратешки планови на З.НРЦ како и идните области на делување на Фондацијата во насока на подобрување на здравјето на Ромите во регионот.
Фокусот на средбата беше тимот одблиску да се запознае со текот на активностите, постигнатите резултати и евентуалните тешкотии со кои може да се соочи во текот на првата година од реализацијата на проектот како и за споделување на размислувања за понатамошната работа и ангажман на организациите.
Од страна на коррдинатотот на проектот Себихана Скендеровска во придружаба на тимот инволвиран во проектот, Адвокат Магдалена Јакимовска, теренски асистент Ајсена Елези, беа споделени и разменети информации, меѓудругото беше и дискутирано за проблемите:
Намалување на негативните влијанија на животната средина врз здравјето во заедниците на Ромите настанати како последица на изложеност на еколошки деградирани локации (депонии за отпад, рудници и недостапна јавна инфраструктура).
Обезбедување на еднаквост и правда за ромските заедници при распределбата на јавното здравје и придобивките и штетите од животната средина.
Домувањето и образованието како социјални детерминанти од кои во голема мера зависат здравствените исходи.
Евиденција во матична книга на родени на лица без документи, на правото на користење на бенефиции за трето и четврто дете (близнаци).
Roma Press- lendo NRC