O Dalečinsko sikhlovipe tano importatno sakone čhaveske..

699

Ministeriumi baš edukacija nangndinela baš kanoneski merka akale sikhlovibnaskere beršeske te ovel anavkerdi sar agorkerdi pali 100 divengo nakhlo šukar sikhlovibnasko procesi, numa kerlapes lafi so trubul o agaar anavkerdo dalečinsko sikhlovipe te ačhol sar valanutno sikhlovipe sakone čhaveske, aso e sikhlovibnaski programa ka tavdel đi ko agor.

Arakibnaja internetesko dumo ka del arka o ministeriumi baš informatikano sasoitnipe thaj administracija, aso ko jek baš sasto programako sikhlovipe ka del dumo thaj o Ministeriumi baš trud thaj socijalno politika.

Министерството за образование не размислува за законската можност оваа учебна година да биде прогласена за завршена после успешно спороведени минимум 100 дена настава, туку се категорични дека далечинското учење е задолжително за сите деца, а наставата ќе се спроведе до крај. Од Министерството се уште немаат решение како во вонредната состојба ќе обезбедат подеднакви услови за сите деца, а веќе е изготвено упатство за тестирање и оценување по електронски пат и наскоро се очекува првото вреднување на постигнатиот успех. Се уште не е познат ниту бројот на ученици кои од разни причини дома немаат компјутер, таблет или паметен телефон, како и пристап до интернет.
Со воведувањето на задолжителното далечинско учење, воспитно-образовниот процес продолжи да се спроведува формално, така што учебната година нема да биде прекината и повторена, туку ќе продолжи да се реализира до целосно завршување. Во меѓувреме, Министерството за образование и наука се обрати до училиштата со цел да се обезбедат податоци за учениците кои потекнуваат од семејства од социјален ризик и кои можеби немаат електронски уреди, или пак интернет, со цел да се изнајде начин на истите да им се помогне и да бидат вклучени во наставата. Но, од училиштата не ги добивме податоците кои ни беа потребни. Така што, сега во соработка со Министерството за труд и социјална политика ги обезбедуваме податоците за децата од социјално загрозени семејства и по компарирање со податоците од училиштата, ќе ја добиеме реалната бројка на ученици кои имаат потреба од поддршка и помош во делот на вклучување во далечинското учење, по што ќе излеземе во јавноста со повеќе информации. Обезбедувањето на интернет ќе се реализира со поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација, додека за евентуално обезбедување на ИТ уреди, дополнително ќе информираме – велат од МОН за „Слободен печат“.

Roma Press- lendo tar:slobodenpecat.mk