Pasportija thaj vozacka dozvola taro 13 – to fevruari na vazinena e purane anaveja..

701

Taro 00:00 ari ko dive 13 fevruari 2024 bersh nanaj pobuter te ikherenpes e phirutnipnaskere dokumentija(pasportija)sar thaj hem i vozaćko dozvola alaveja Republika Makedonija, numa sa e avera dokumentoja save tane iramale e alaveja Republika Utarali Makedonija ka oven ikherimale havlarela o MVR.

Ano jek vakerlapes akava kanoni iklovela taro vashramimo prespansko phanlo lafi. Numa sa e dizutne save isi olen duj rastralipe(dvojno drzavjanstvo) olenge nanaj te ovel problemi peseskere dokumentencar te khuven thaj te ikloven tari Makeodnija.
👇👇👇

Од 00:00 часот на 13 февруари 2024 година престануваат да важат патните исправи и возачките дозволи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи и возачки дозволи со името Република Северна Македонија, известува Министерството за внатрешни работи.

Согласно веќе донесените законски измени, а во врска со Преспанскиот договор, престануваат да важат патните исправи со името Република Македонија и во важност ќе бидат само патните исправи со името Република Северна Македонија.
Ги замолуваме граѓаните со стари патни исправи воопшто да не се обидуваат да излезат од нашата држава затоа што тоа нема да биде возможно.

Граѓаните со двојно државјанство ќе можат непречено да ги користат патните исправи од другата држава. Исто така, потенцираме дека било кој граѓанин на Република Северна Македонија кој ќе дојде на граничен премин за влез во нашата држава, ќе биде примен без оглед на тоа со каква патна исправа доаѓа, се наведува во соопштението на МВР.