Pendarovski thano o nevo Presidenti ki Republika Utarali Makedonija

1073

Avdive resarena  o bahtarina  tharo sa  Evropake puvja, numa thaj kerenapes  e maj bare analize thar nakhibe e eratutne alosariba ki Republika Utarali Makedonija, savende o jekto than ikerga o kandidati thar SDSM, Stevo Pendarovski.

Повеќеслојни пораки стигнаа од изборните резултати. Власта мора да се посвети на реформските процеси, а опозицијата на реформирање на нејзиниот однос кон Албанците, сметаат аналитичари.

Додека од час во час од европски политичари стигнуваат честитки за победата на Стево Пендаровски на претседателските избори, домашната јавност ги анализира „знаците покрај патот“ што ги оставија изборните резултати. Опозицијата смета дека „власта е делегитимирана“, а Сиљановска уште синоќа сугерираше дека „треба да се размислува за предвремени парламентарни избори“.

Универзитетската професорка, Беса Арифи, оценува дека вториот круг на претседателските избори утврдил три важни успеси: чисти и регуларни избори, достигнат цензус со значителна и одлучувачка разлика меѓу кандидатите и – нешто многу позначајно.

„Северна Македонија избра легален и легитимен претседател. Но, уште поважно е што на овие избори победи граѓанскиот концепт на заедничко делување кон евроатлантската иднина на земјата.

ВМРО-ДПМНЕ се уште не верува во таков концепт, и етаблира тези за победа кај ‘македонскиот’ дел и за поголема важност на етничките македонски гласови во однос на албанските. Тој концепт губи на избори и ќе продолжи да губи, се додека ВМРО-ДПМНЕ не се реформира вистински, и се додека оваа партија не го реформира својот однос кон Албанците.

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, при прогласувањето на победата наместо за ‘метлата’, прозборе за ‘приземјување’ на поединци од партијата и власта, што е многу поблага квалификација.

Hazri kerga: Erđan M.-Roma Press