Reakcija tar Direktori Doan Sulejmanoski baš avdisutne protestija..

1463

Teleder daja tumen tekst bičaldo đji ko Roma Press sar reakcija tar Direktori Doan Sulejmanoski baš avdisurne protestoja, sar thaj sa e dezinformacie save ulavenapes ano socijalna mreže

Почитувани,

Ги демантирам и се оградувам од сите шпекулации, коментари и избрзани реакции околу моја оставка или разрешување од позиција Директор. Упатувам апел до сите ученици дека треба да си продолжат со настава, да не потпаѓаат под провокации и се оградувам од било какво организирање на учениците од моја страна или од страна на професорите. Воедно истакнувам од целата ситуација не треба да се прави било каков политички раздор, немир и тензии, со говор на омраза и извртување на состојбата, ниту пак нешто што ќе биде на штета за нас Ромите и нашите интереси, а ќе направи мерак на другите од страна. Живеам и работам во Шуто Оризари, лично немам влошено односи,поради било каква позиција со никого, а ниту со партијата ДСР (Демократски сили на Ромите).
Што се однесува до било каков политички договор, за соодветна личност директор во училиштето, што би била достојна замена за мене, слободно ќе испочитувам било каква одлука, на достоен начин. А, во спротивно очекувам позитивен став и оправдана поддршка кон мојот ангажман, посветеност и работа.
Упатувам апел до сите поединци, медиуми, портали, лажни профили и слично, да не ја злоупотребуваат целокупната состојба, моето име и името на училиштето.
Без разлика на се што се шпекулира во јавноста, јас сум актуелен директор и додека сум директор интересот на учениците ќе биде пред се, а тоа е сосема различно од било какви скриени интереси на било кои политички партии или други форми на здружување со било какви интереси.

Со почит,
Вашиот директор
М-р. Доан Сулејманоски

Roma Press