Avdive niśankergapes o Maskarthemutno dive e Romengoro 8-to April,ani Bitola.
Prekal i programa taro ROMAKTEDaktiviteti perso muzikane thaj kulturno programaja putergapes o nisankeripe e diveseske.
Ani akaja ćipota lela than thaj o śerutno tari dis Bitola Toni Konanoveki,vakerindor e aktivitetija save kernapes phanle e dizutnencar roma, thaj e Romane organizaciencar proektija prekal ROMAKTED -Proekti BAIR.
Oven saste thaj bahtalo o 8-to april sa e Romenge vakerga o śerutno Bitolako Toni Konanovsko.
👇👇👇
Градоначалникот на Општина Битола,Тони Коњановски,денес присуствуваше во одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите,потсетувајќи на активностите кои ги реализира општината во соработка со ромските организации и други претставници на невладиниот сектор, потсети на проектите кои се спроведуваат преку Ромактед програмата, Проектот „Баир“ – Здружена акција на Битола за вклучување на Ромите, како и други активности кои имаат за цел подобрување на образовниот статус, инфраструктурата и условите за домување на Ромите.
Ви благодарам за честа која ни ја покажавте денес на овој начин, со искрени желби за братска љубов и оној соживот кој го имаме години наназад, да продолжиме да го развиваме. Општина Битола, секогаш оддава голема почит кон ваквите активности. Со тоа, покажуваме дека ромската заедница е дел од нас. Заедно продолжуваме понатаму. Битола е мултикултурна и мултиетничка заедница. Локалната самоуправа секогаш ќе биде на Ваша страна, секогаш ќе имаме проекти кои ќе ве афирмираат, за да можеме успешно да го продолжиме животот на овие простори.
Честит празник – 8 април – Меѓународниот ден на Ромите!“, рече градоначалникот Коњановски, во своето обраќање пред присутните.
Hazri kerga: Erdan M.Fuat B.-Roma Press.