Tar o tajsa putrenapes e hone ani Makedonija, Srbija, Albanija, Kosova thaj Turcija..

129

Tar o tajsa putrenapes sa e hone ( granice) ani Makedonija vakerdo telal Rađjaki andi decizija, aso angapes telal o vakerina tar komisija baš zaraznikane nasvalipe. Ani jekh beśin angapes thaj aver decizija savata vakerlaoes tae 01 juli putrenapes thaj mukhenapes ano huthi kheripe thaj e duj aerodromija abo Skopje thaj Ohrid.

Ano jekh putrenapes thaj te nakhenpes e hone bi te kereloes test ano phuvja Srbija, Albanija, Kosovo thaj Turkija.

Македонија утре ги отвора сите гранични премини согласно одлуката на Владата во вторникот, а по препорака на Комисијата за заразни болести. На истата владина седница беше донесена и одлука за отворање и на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид на 1 јули.

Со одлуката за целосно отворање на државните граници, македонските државјани ќе можат слободно да патуваат без обврска за негативен ПСР тест за коронавирус и задолжителен 14 дневен карантин во Србија, во Албанија, во Косово и во Турција и за враќање во земјава. Таквата обврска, сепак, останува да важи за влез во некои земји во регионот и во ЕУ-членките.

За патување во Бугарија и Грција како земји членки на ЕУ важат насоките дадени од ЕК за отворање на границите од 1 јули. Оваа одлука е најавена на повторно разгледување меѓу членките на Унијата утре поради растот на бројот на заболени од коронавирусот во земјите во регионот.

Hazri kerga: Neđmedin A.- Roma Press lendo https://novatv.mk › Македонија