Te na bistarelpes! – Nikana pobuter o Genocido savo kerdilo upral e Roma..

657

Te na bistrelpes o Genocido savo kergapes upral e Roma ko vakti tar logorija pali Dujto Dumnalesko maripe, drabaren ani Makedonikani ćhib tikori historija so sa kergapes upral e Roma.

Да не се заборави! Геноцидот над Ромите од страна на нацистите
останува за многумина „заборавен холокауст. Мобилизацијата на ромските организации
во очувување на геноцидот врз Ромите и Синтите од времето на Втората светска војна, е успешен потфат со отварањето на Централниот спомен обележје на убиените Роми и Синти
во Берлин, кој е отворен во 2012 годинa.

Таквите иницијативи иницираа и француската Влада во времето на председателот Франсоа Холанд јавно да се извини за помошта на тогашната француска администрација во депортирањето на голем број Гитан,Мануш, Кале, Роми, Синти и други под ромски групи во пред камповите кои потоа биле преземени од германските СС и префрлени во злогласните концентрациони логори низ Европа.

Семејствата на жртвите на ромскиот Холокауст
сеуште се борат за еднаквост во обештетувањата. Во меѓу време институциоанлниот реторички
анти романизам станува политички респектабилен во многу делови на Европа. Сведоштвата за холокаустот во многу форми
како фотографии, извештаи за преживеани е од суштинско значење за новите културни
иницијативи, како што е дигиталната архива на Рома архив, за ромската култура. Ваквите архиви во кои се конзервирани
безброј сведоштва преку видео снимки и безборј фотографии, укажуват на хоророт
кој го преживувале во злогласниот логор на смрта Аушвиц- Биркенау, во злогласниот логор Јасеновац и во други логори на смрта,
шуми, пољани… Во Германија прогонството на Ромите и Синтите започна во 1935 година во одредени кампови на Ромите и Синтите кои беа формирани од локалните власти. Тие биле под постојан полициски надзор, и биле
присилени да работат за локалните фирми.

Тие биле означени како „асоцијални„
и криминализирани. Многумина беа во логорите под СС до крајот на 40 -та.

Во средината на јуни 1938 година
за време на операцијата „Работа„ се забележани првите масовни апсења
на Еверите и 10,000 други, меѓу
кои биле и Роми и Синти кои беа префрлени
во други логори. Во окупираната Полска, Србија и Советксиот Сојуз тие беа ловени од истите единици на Вермахот и одредите на смрта кои масакрирале Евреи. Пред големите депортациите во 1943 година во Германија веќе имало две депортации на 2500 Роми и Синти во примивни кампови во гетата на Полска во 1940 и 5000 во гетото Лоџ од каде што тие што не умреле од тифус биле испратени во гасни комори кај Челмо. Ромските жртви на холокаустот вклучува
многумина кои претрпеле прогон и убиства без да ги напуштат своите матични територии. Имињата на логорите во Чешка Лети и Ходинин и кампот Јаеновац во денешна Хрватска се многу познати по злосторствата над Ромите. Аушвиц останува моќна симболична реферетна точка за европските Роми и Синти. Во „Циганскиот камп„ во 1944 година во гасните комори за една ноќ беа убиени 2900 мажи, жени и деца. Аушвиц бил посебен вид пекол на Ромите и Синтите. Со наредба на Хајнрих Химлер тие беа депортирани како семејства во Аушвиц-Биркенау во делот Б-2, кој бил специјално дизајниран за нив како семен логор, што за останатите затвореници од овој злогласен логор не било дозволено. Третманот на Ромите и Синтите во овој логор бил од експериментален карактер.

Нацистите врза нив вршеле експеримент на гладување, до исцрпеност, и обсервација на нивната имунолошка борба со заразни болести. Било вршено сексуално насилтво врз девојчиња ромки, од страна на припадниците на СС. Биле вршени хирушки експерименти од
злогласниот доктор Менгеле, врз децата од кампот чии објект бил веднаш до неговата ординација. Во овие злосторствата и убиствата на Ромите во времето на Втората светска војна животот неформално го загубиле околу пола милион Роми и Синти меѓу кои мажи,жени и деца. Геноцидот врз Ромите и Синтите, продолжува од многу заедници во Европа, од Италија преку Украина и Грција. Ова ужасна историја честопати се занемарува,
Ромите и Синтите и понатаму се соочуват со дискрминација.

Roma Press- lendo rar Muhađed Sulejman (Solomon)