Ален Умер-Меѓународна средба за контакт со Ромите (International Roma Contact Group Meeting)

2176

Alen Umer –Pretstavniko tar konsili e ternengo tar komuna Šuto Oriyari lela than ano bukarno khedipe baš lav keripe sa e resarina phanle e Romane đjivdipnaja numa akcenteja sar dikhena ko sa odova e terne Roma. Sasto olesko lejbe than hraminaja tumenge ani Makedonikani čhib drabaren teleder.

Форум за дискусија од претставниците на ромското граѓанско општество за клучните тековни проблеми и предизвици со кои се соочуваат Ромите. Покрај тоа, би се истражило во кое институциите на ОБСЕ, вклучително и ОДИХР, можат да придонесат за нивно решавање, со цел неговиот мандат. Оваа средба се концентрираше во однос на подобрувањето на состојбата на Ромите. Тука Ален Умер ги пренесе клучните проблеми со кои се соочуваат Ромите во Северна Македонија, како и даде препораки за нивно решавање.

Младината како агенти за промена: Дискусија за предизвиците и можностите поврзани со учеството на младите Роми и Синти во јавниот и политичкиот живот, како и нивниот граѓански ангажман за одбрана и промовирање на правата на Ромите и Синтите.  Овој настан стимулираше на отворена дискусија помеѓу претставниците на државите учеснички во ОБСЕ и младите Роми и Синти за начините за подобрување на учеството на младите Роми и Синти.

Ален Умер на овој настан одржа говор за младинско учество на Ромите и Синтите во јавниот и политичкиот живот,  ги опиша предизвиците, проблемите, напредокот, добрите примери и препораките со кои би се зајакнало политичкото учество на младите Роми и Синти на меѓународно ниво. Ален Умер исто така имаше можност за говор на една джод работните  теми, ги опиша условите во кои Ромите и Синтите живеат и какво влијание имаат истите врз нив, ја опиша моменталната состојба и добри примери од општината Шуто Оризари, како и даде препораки со кои домувањето би се подобрило. Тука имаше и осврт кон неодамнешните настани на Ромите во Европа со присилното иселување на Ромите и Синтите, како и механизми за нивно решавање.

Проследете го говорот на Ален Умер:  https://bit.ly/2nOUPsi

 

Подготвил:Неџмедин А.-Рома Пресс