Колумна-Елма Д. Што и колку знае светот за ромската историја????

177

Ова не е опис ниту пак пишан материјал за историјата на Ромите. Ова е само една кратка порака до сите оние кои треба да ја разберат, а инспирирана од неодамна починат тивок херој од ромската заедница.

Историјата… ни кажува дека секој народ, секоја култура и секој човек имале своја улога во создавањето на светот во кој живееме денес. Таа ни покажува зошто се случиле одредени работи, како влијаеле на општеството и што можеме да научиме од нив. Таа е огледало во кое го гледаме минатото, но и водич што ни помага подобро да ја разбереме сегашноста и да ја градиме иднината.

Ајде уште еднаш…… За да биде запаметена како историја, не треба да биде запишана на хартија (книги или записи), бидејќи таа се пренесува и усно низ обичаи, традиции, легенди и песни. Усното пренесување на историјата е традиционално паметење.

Следно… ВАЖНО и алармантно.
Ромската култура е позната во светот, денес сè уште очигледна, скоро непроменета… создадена од многу одамна низ улиците по светот. Етикети… долични и недолични од пред многу векови, кои траат.
Низ историјата малкуте позитивни промени кои се направиле, дури и да се регистрираат на писмено и да стојат како факти, повторно победуваат сликите и првичните информации печатени или усно пренесени на ангро.

Во насока на сите сфери на делување, кон морал, кон идеали и вредности кои траат, промени има и ќе има и во иднина, но ако не се пренесуваат постојано како традиционален став, како печатен материјал — ТИЕ НЕ МОЖАТ ДА СТАНАТ ДЕЛ ОД ИСТОРИЈАТА НА ЕДЕН НАРОД ИЛИ ЗЕМЈА. Секој век, секоја епоха, од генерација на генерација, е преполна со нови случувања за сè и за секого, но и во секое време некој останува запаметен по своето вредно дело — вредно според стандардите на моралот, етиката и вредностите. Тој што сака да го велича својот народ, земја или било која општествена група — тој создава алатки да го запечати тоа како дел од неговата историја.

Ромската култура низ историјата остана позната по музиката, танцот, јазикот и по сите оние личности врзани со овие теми. И никој не вели дека ова не е морал. Но дали сметате дека отсуствуваат голем број легенди кои започнале да ги менуваат недоличните етикети? Дека некои и денес траат, а некои уморно заминуваат од овој свет без глас и забелешка — на наша срамота, драги мои. Велам “наш” срам — срам на целото поднебје во кое живееме заеднички, но и на групата на која тие личности припаѓаат.

Никогаш не е доцна, но и пред фактите и боговите молчат. Иднината на секој народ се менува со популаризирање на сопствената историја на ликови кои го дале својот живот и се посветиле на подобрување на животот на сопствениот народ. Кои гризеле кога им било тешко, ама стоеле со исправена глава како пример за идните генерации. Иднината со минимизирани стереотипи и предрасуди се менува со запис и популаризација на ликови кои се посветиле на борбата за менување на иднината на децата чии историја, освен музиката и танцот, е запечатена — а за ништо друго не се знае.

Никогаш не е доцна да создаваш историја која за било која генерација би била полезна. Ако историјата е основа за создавање било каква слика за еден народ и нација — зошто ГЛАСНО, ПОСТОЈАНО И ДОЛГО НЕ ЗБОРУВАМЕ ЗА НАШИТЕ ХЕРОИ, иако некои од нив тивко и скромно работеле?

Да не заборавиме… Или традиционално паметење, или пишана историја која вечно би траела. Изберете форма и менувајте ја иднината на вашите деца. Создавајте ликови и дела со академски, големи вредности. Моделите на идентификација и идолите не се само ликови од филмовите, туку и ликови од историјата.Не застанувај тука продолжи…….

Почивај во мир, драга моја Азбија!!!

Aвтор:м-р Елма Демировска

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)