Реакција: До кога Ромките ќе плаќаат со својот живот поради немањето на матичен гинеколог?

1656

Ano nakhle šov berśa  i Inicijativa baś đuvla tar Šuto Orizari pal nekobor fori kerga reakcija baś o nanipe tar matično  ginekologo ano Śuto Orizari thaj ano jek alarmirinela baš kvaliteto tar reproduktivnikano sastipe e Romane đuvlengo ko Šuto Orizari.

Во изминативе шест години Иницијативата на жени од Шуто Оризари по којзнае кој пат реагира поради немањето на матичен гинеколог во Шуто Оризари и алармира за квалитетот на репродуктивното здравје на Ромките од Шуто Оризари.

Заминувањето на матичниот гинеколог од општина Шуто Оризари во јануари 2020 година е огромен проблем за жените од оваа општина каде што бројот на жени во репродуктивен период е помеѓу 8.000 и 13.000. Во општина со најбројно ромско население, а воедно и популација со значително повисока стапка на доенечката смртност во однос на другите националности, повеќе од 6 месеци жените немаат пристап до матичен гинеколог, што директно се одразува на нивното репродуктивно здравје. Поради својот социо-економски статус и немањето пристап до матичен гинеколог, Ромките од Шуто Оризари не можат да планираат бременост, не можат редовно да ја следат бременоста и не можат да добијат навремена и соодветна здравствена заштита за себе и за новороденчињата.

Roma Press-https://www.facebook.com/notes/