Судски епилог за полицајците кои претепале и се изживувале врз затвореник..

3586

Sajdime, iranajatumen ano popalune informacie informirindor bash i cipota savisa resardi ko phanlipe Idrizova,kana star policajcija ko dive djakeribnaske o nevo 2023 bers marge e Romane phanle chave Sebastiajn Abaz.

Tadani akaja informacija ulavgemnla ko Roma Press sar naoficijalno,sostar tadani sine amen thaj foto mesazoja andral taro phanlipe thaj dikhovela o izjivibe e policajcongo upral Romano chavo bi te kerel olenge disavo bangipe.

Bash akava haberi,upral amende sar Roma PRESS kergapes bari ZOR numa,amen djangem so o agor ka agorkerel ko sukar e Sebastijaneske thaj ka ovele adelateski agorin.Numa akava trubuipe te ovel sebepi bash sa o avera phanle ko Idrizovo te shaj te na daran thaj te vakeren bash poro nasukar djivdipe andre, o dejbe zor,maribe, maltretiribe, tortura thaj aver.

Bash akava haberi tadani denga amen baro dumo o sekretari taro Ministeriumi bash phravda o Muhamed Tochi,sigo kerga kontaktija,denga zor upral pobut riga te shaj i čipota (slucaj) agorinela adelateske epilogoja.
Bash o Sebastijan Abaz BILOVENGO avukati dji avdive denga ole dumo o rajo m-r Senaj Osmanov kasa sine amen thaj telefonsko lavkeripe thaj vakerga “Baro oven saste sar Roma Press,prekal tumende pendjardilem akale cipotaja thaj akava trubuj te ovel primer so nasti e bukarne ko phanlipe peseskere frustracie,holja te ikaven olen upral e phanle manusa Roma”

Bash so star policajcija isi adelatesko phanlo lafi so tane doshale thaj ko avutne trin bersa save so avena te na keren disavo bangivalo kotor, aso i ponodorutni postapka thavdela bash lovengiri otsteta.

На 02.01.2023 година Рома Пресс објави вест преку свои извори поврзано со случајот од 31.12.2022 год.(дочек на нова 2023 год) имено во таа иста вечер беше претепан (тогашен) затвореник Себастијан Абаз, во тој период тој издржуваше казна затвор во казнено поправната установа Идризово.
Рома Пресс информацијата ја сподели преку фото доказен материјал кој беше доволен доказ да се започне со истрага и за истиот денес да има судски епилог.

Ние преку наши извори за тој период како неофицијални информации дознаваме дека претепаниот Себастијан повеќе пати бил претепан, малтретиран и врз него се изживуваа затворските службеници(полицајци) кои ја пречекориле својата службена должност.
На 02.01.2023 година Рома Пресс веднаш започна да го истражува случајот и да се дознае вистината.
Во телефонскиот разговор со тогашниот Директор на Управата за извршуване на санкции г- дин,Маријан Спасовски побаравме појаснување за случајот на кој истиот одговори “Поврзано за овој случај со С.А. јас сега дознавам преку вас и за истиот случај ви најавувам дека уште утре ке побарам да се отвори истражна постапка,треба да се увидат сите материјални и видеo докази од надзорните и безбедносните камери од установата.
Секако,ако се докаже вина кај службените лица со тоа што ќе се увиде пречекорување на службена должност,тогаш за истите ке се отвори истражна постапка и ке бидат санкционирани според законот на РСМ”укажа за Рома Пресс Спасовски.

Во истиот период Рома Пресс стапи во контакт со државниот секретар од Министерство за правда г-дин,Мухамед Точи кој веднаш издејствувал и веќе во утрешниот ден беше присутне во затворот Идризово и се сретна со тогашниот претепан затвореник Себастијан Абаз. За случајот побара веднаш да се проверат сите видео безбедносни камери и да се започне постапка.
Преку негова заложба Себастијан Абаз за овој случај добил и правен застапник кој за целиот случај до денес неговиот ангажман е бесплатен.

Денес 04.10.2023 година дознаваме дека започна судењето против четворицата полицајци вработени во Идризово,на наше прашање упатено до адвокатот м-р Шенај Османов баравме да не извести како помина судскиот спор поврзано со претепаниот Себастијан Абаз, Османов ни укажа “На 04.10.2023 год.со почеток во 10.00 часот во Основен кривичен суд Скопје започна судењето против четворицата полицајци вработени во Казнено поправната Установа Идризово кои на ден 31.12.2022 година ноќта околу 02.20 часот дочекот на новата година го прославиле нанесувајки му Телесни повреди на осудениот С.А од Скопје – Шуто Оризари а за што проотив сторителите беше покренато обвинение за Малтретирање при вршење на службата согласно чл. 143 од КЗ.

Од наводите во кривичната пријава и доказите во Обвинителниот предлог, обвинетите на главната расправа беа приморани да признат вина и да се произнесат дека се каат за стореното дело и да барат судот да им изрече поблага казна со ветување дека во иднина ќе се однесуват совесно и одговорно со сите осудени лица.
Тоа на нас како одбрана ни беше доволно да видеме како обвинети полицајци се извинуват на еден Ром кој порано бил осудено лице и на кое лице можеле да му се однесуват онака како што тие сакале и умееле.
И конечно на крај, после дадените завршни зборови, судот донесе пресуда дека сите четири обвинети се огласуват за виновни и се осудуват на Условна казна кои во наредните три години нема да можат да сторат ново кривично дело слично на оваа.
Одбраната се упатува на граѓански спор за оштетно побарување”информира за Рома Пресс Шенај Османов.

Hazri kerga: Roma Press