Колумна Севгул А- Тука што не е јасно НИШТО!

3038

Повторно и повторно Ромите после толку поминати судбински избори сега се соочени со уште еден изборен живот?

Во целост државното раководство беа фокусирани во членството на НАТО ете тоа помина,денес сме фокусирани како до започнуване на преговорите со ЕУ.
Народот заслужува да се надева на нашата заедничка голема желба дека еден ден ке бидеме рамо до рамо со Европа, Да вистинска желба ама како? Едните додека не блокираа другите ни беа најдобрите соседи,ете денес ИСТО па ИСТО.
Се поставува прашане не-не бива или вистински треба еднаш засекогаш за историските прашања отворено да се говори и да се најде решение но да не заборавиме дека нација без идентитет, историја,јазик и култура едноставно не постои.

Највероватно со започнуване на преговорите со ЕУ ке трае и додека севкупната актуелна политичка елита рамо до рамо се борат со актуелниот човечки непријател Ковид 19 се поставува прашане што со Ромите во Македонија, дали тоа значи дека изборниот договор се исполни во целост со Ромските лидери или се уште се чека на трошка за друго некое заменичко директорско место-упс извини (вработуване), или вероватно ке добиеме некои раководни места во оделенија или сектори?

Додека големите заедници во Република Македонија се вклучени во сите процеси на големите политички случувања Ромите се уште се декор во РС.Македонија.

Осум или девет Ромски политички субјекти(можеби деновиве некоја ке згасне?) Невладини организации, мрежи на нво, Интелектуалци, Советодавни претставници и други, се запрашуваат-ли зошто?-никогаш до денес не биле вклучени или запрашани за крупните или други политичките случувања во државата? ДА Европа мижи, но исто така мижат и Ромите ама Зошто.

ДА,Ромите во Северна Македонија е позната како мирна заедница која не се бунтува и несекогаш се крунисуваат со терминот “ЛОЈАЛНИ” но што добија како резултат за нивната лојалност…
Се уште Ромите се соочуваат со дискриминација од секаков вид, обесправени, маргинализирани, кршење на нивните општи човекови права и уште многу друго.

Тука нема нејасно, ако не знаеш како да си дел од игра тогаш си надвор од игра, тука што не е јасно НИШТО.

Автор – Севгул А. –Дипл детектив и криминалистика.