БЕЗБЕДНОСНИТЕ ИНТЕРЕСИ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

1420
agus

Постојат многубројни општествени фактори кои имаат општ стабилизаторски и мирољубив карактер. Тие преку ненасилното решавање на противречностите, претконфликтните и конфликтните состојби претставуваат универзален модел за обезбедување на безбедносен стабилитет, избегнување на војна и обезбедување траен мир.

Всушност стабилизаторските фактори се основен предуслов за постигнување мир, безбедност и стабилност во една држава, односно општество, што истовремено ќе се манифестира и на меѓународно ниво. Безбедносната состојба претставува комплексна категорија која дава преглед на обемот и интензитетот на различните елементи на загрозување на националната безбедност (опасности, ризици, закани, ранливости и предизвици), кои во одредено време поединечно или комбинирано влијаат врз индивидуалната (лична, хумана, поединечна) безбедност, безбедноста на заедницата или на конкретен предмет на загрозување. Безбедносната состојба ја сочинуваат повеќе фактори или индикатори.

Тие покажуваат каква е безбедносната состојба во однос на прашањата поврзани со јавниот ред и мир, динамиката на криминалот, влијанието на странските елементи врз внатрешната безбедност, заканите кои произлегуваат од екстремистичките организации, развојот на безбедносните случувања во регионот и во светот, меѓународните односи на земјата и други. Безбедносната состојба се одликува со динамичен, адаптивен развој на државите на новите состојби на соработка, односно, на предизвикот да се најдат себе си во новиот поредок, при што меѓународната заедница и нејзините институции понекогаш се соочуват со актуелни и непожелни воени, невоени и други ризици и опасности.

Безбедносната состојба на Република Македонија е резултат на односите во општеството кои во основа се обременети со случувањата во историјата, динамиката на општествениот развој, односите внатре во државата (помеѓу граѓаните и политичките субјекти), односите со соседите и карактеристиките на општата безбедносна состојба во регионот и во Европа. Република Македонија својата безбедност и одбрана ги гради како систем кој ќе и овозможи оптимално обезбедување и заштита на нејзиниот траен интерес, како и учество и помош во заштитата на нејзините витални интереси. За да може да се зборува за организирање на безбедносно-одбранбениот систем потребно е точно и прецизно утврдување на облиците на загрозување на националната безбедност и стабилност.

Од друга страна, европските предизвици се особено важни за комплетирање на сликата за безбедносната состојба на држвата и за одредување на насоките во безбедносната политика. Главна одлика на развојот на европската безбедност е оформување на безбедносна средина заснована врз кооперативни односи и взаемно координирани активности од областа на безбедноста, одржувањето на стабилноста, превенцијата и решавањето на кризи, политичката, економската и другите области, изразени и насочени најмногу преку водечката улога на НАТО во креирањето на безбедносната политика и отворената врата за негово проширување.

Европските предизвици на Република Македонија ја определуваат корелацијата на државните безбедносни специфичности со општите европски безбедносни предизвици. Специфичностите произлегуваат од геополитичкото значење на Македонија во рамките на европската безбедност, од нејзината географска положба (како транзитна траса која често се користи од страна на мрежите на транснационалниот криминал, особено при трговијата со дрога, луѓе, оружје, криумчарењето на мигранти и друго), од стратегиските определби на државата поврзани со нејзините евроатлантски интегративни процеси и од можностите за поинтензивна безбедносна соработка засновна на релациите кои Република Македонија ги има воспоставено со ЕУ, НАТО, ОБСЕ и со Советот на Европа, а се во контекст на евроатлантските аспирации и на учеството во меѓународните цивилни и воени капацитети.

Пристапот кон општите европски безбедносни предизвици е аналитички и дескриптивен. Тие се резултат на случувањата во една далеку територијално поголема и далеку популациски побројна средина.

Европските безбедносни предизвици во голем дел се совпаѓаат со глобалните безбедносни предизвици поради значајната улога на неколкуевропски земји во меѓународната политика (пред сè, во Советот за безбедност на ООН, во ЕУ и во НАТО), дисперзијата на интересите наевропските држави и ЕУ низ светот и трансформацијата на ЕУ од првично економски во комплексен (економски, политички и безбедносен)фактор. Во последните две декади, позицијата на ЕУ и на неколку помоќни европски држави им дава за право да ги креираат насоките намеѓународната безбедносна сцена. Интересите на Република Македонија се засновани врз долгорочните потреби на македонскотоопштество кои се пресудни за животот и безбедноста на граѓаните, но и за стабилноста, функционирањето и континуитетот на државата.Интересите произлегуваат од највисоките темелни вредности утврдени со Уставот на Република Македонија.

Трајниот интерес на Република Македонија е зачувување и унапредување на нејзиниот државен идентитет со слободно изразување наетничкиот идентитет на сите граѓани на Република Македонија, како и заштита на независноста и територијалниот интегритет.   РепубликаМакедонија своите интереси ќе ги остварува со доследно почитување на човековите права и слободи, демократските принципи ипочитување на меѓународното право што, од своја страна, ќе овозможи решавање на споровите по мирен пат, унапредување на мирот истабилноста и јакнење на угледот на Република Македонија во демократскиот свет.

Во рамките на демократските норми и принципи и почитувањето на меѓународното право, Република Македонија е подготвена да учествуваво превенцијата и решавањето на кризи сама и во соработка со меѓународната заедница.  Република Македонија е подготвена во рамките намеѓународното право сама, но и по своја одлука, во соработка со партнерите и пријателите, а заради заштита на нејзините интереси, да гипреземе сите мерки и да ги ангажира сите ресурси. Заради заштита на нејзинот траен интерес и во согласност со меѓународното право иПовелбата на Обединетите нации, Република Македонија е подготвена да употреби и вооружена сила. За реализација на своите националниинтереси, Република Македонија ќе води безбедносна политика и ќе го усоврши безбедносниот систем, кој ќе биде способен, ефикасен икредибилен да одговори на безбедносните предизвици на овој век, да решава кризи внатре, да помогне во решавањето на кризите ворегионот и пошироко.

Безбедносната политика на Република Македонија има шест стратешки цели: прво, политичка и економска интеграција во ЕУ, второ,политичка и воена интеграција во колективните безбедносни и одбранбени системи на ООН, НАТО, ОБСЕ и на здружените европски сили,трето, заштита на демократските институции и политичкиот систем на сопствената држава, четврто, развој на социјално економскиотсистем базиран на принципите на пазарната економија со поддршка на секоја претприемничка иницијатива и отворање на стопанствотопред надворешниот свет, петто, градење и одржување на добри односи со соседните земји и шесто, Република Македонија мора да гиорганизира сопствените одбранбени способности во функција на целосна заштита на сопствениот територијален интегритет и суверенитет.

Целите и стремежите на Република Македонија во однос на безбедносните можности, безбедносни ризици и опасности и основите инасоките за развој на одбраната во иднина се преточени во Националната концепција за безбедност и одбрана. Како што е наведено воВоведот, стратегиската определба и цел на Република Македонија и на нејзината Национална концепција за безбедност и одбрана е -трајната определба на Република Македонија својата иднина да ја остварува како дел на европското семејство и членка на НАТО и ЕУ.Истовремено целите и стремежите на Република Македонија се преточени и во други национални документи од областа на безбедноста иодбраната. Надворешната политика е насочена кон заштита, одржување, унапредување и остварување на интересите на РМ преку односитесо другите држави.

Одбранбената политика, во основа обезбедува способности, средства и активности во функција на поддршка за исполнување на целите набезбедносната и посебно на надворешната политика. Во рамки на основните стратегиски цели на надворешната политика за кои имаполитички консензус и широка поддршка на граѓаните влегуваа членството во НАТО и ЕУ, унапредување на односите со соседите ирегионалната соработка. Една од главните цели и стремежи на Република Македонија беше насочена кон изградба на одбраната согласноможностите и ресурсите на Република Македонија и визиите за нејзина интеграција во пошироки безбедносни и одбранбени сојузи. Притоатреба да се изгради таков одбранбен систем во обем кој нема да ја наруши и загрози безбедноста на Република Македонија и кој ќеовозможи и со тоа придонесе во развојот на другите сфери на општеството. Како доказ за важноста на интересите на Република Македонијаза нејзините граѓани е Декларацијата за поддршка на стратегиските интереси на Република Македонија.

Донесена е по повод почетокот на реализација на финалната фаза од имплементацијата на Рамковниот Договор, потпишан во Охрид, 2001година, како усогласена рамка за обезбедување на иднината на демократијата во Македонија, промовирање на мирен и хармоничен развојна граѓанското општество, преку почитување на етничкиот идентитет и интерес на сите македонски граѓани и овозможување на развојот напоблиски и поинтегрирани односи помеѓу Република Македонија и европската и евро-атлантската заедница. Општ заклучок е декаРепублика Македонија како повеќенационална држава, со разна вероисповед кај населението, мора да ја гради својата иднина врзсожителство, заедништво и лојалност на граѓаните кон државата, како заеднички именител на личните и колективните интереси награѓаните за што е потребна толеранција и меѓусебно почитување. Преку анализата на безбедносната политика согледуваме како сме гипоставиле целите и стремежите и во кои насоки треба да се работи во иднина.

Скршнувањето од поставената патека на движење ќе предизвика проблеми, назадување на општественоекономскиот развој на државата,деструкција, па дури и конфликтни состојби. Па затоа, спроведувањето на безбедносната политика не треба да остане само на донесувањена законски решенија, стратегии, концепции, декларации. Таа е многу повеќе од тоа. Безбедносната политика би требало да биде вофункција на попречување и сузбивање на сите видови закани, ризици и загрозувања, а не само на оние кои можат да се поместат во групатакриминалитет. Надлежните органи треба навремено и објективно да располагаат со безбедносни сознанија, со цел да се предвидатевентуални несакани состојби и соодветно да се реагира уште пред да се појават.  Република Македонија јасно ги има поставено нејзинитевредности, интереси, стратешки цели, стремежи, како и безбедносна политика. Со нивното исполнување во целост ќе се оствари нејзинататрајна определба – европско и евроатлантско интегрирање. Државата е должна и има обврска да овозможи непречено дејствување на ситеинституции во општеството, преку востановување на одбраната и зачувување на безбедноста, затоа што само на тој начин ќе можеефикасно да се избегнат последиците од деструктивната дејност што би се случила доколку тие не би биле функционирале.

За да ги постигне своите стратешки интереси државата треба стабилизаторските фактори и мирољубивото решавање на противречностите,претконфликтните и конфликтните состојби, кои претставуваат универзален модел за обезбедување на безбедносен стабилитет,избегнување на војната и обезбедување траен мир да ги одржува и да ги промовира. Всушност стабилизаторските фактори се основенпредуслов за постигнување мир, безбедност и стабилност во една држава, односно општество, што истовремено ќе се манифестира и намеѓународен план.

Република Македонија со нејзината долгорочна цел за заштита на нејзиниот интегритет и независност е силно посветена на борбата противсите видови на организиран криминал во сите негови форми, спречувањето на нелегалната миграција и трговијата со луѓе, борбата противтрговијата и злоупотребата на дрогата и нелегалните трансакции на оружје, воена опрема и сл. Системот на националната безбедност јасноја утврдува и дефинира структурата и надлежните субјекти кои во рамките на законски утврдените надлежности превземаат мерки иактивности и воспоставуваат механизми за соработка и координација на сите субјекти за ефикасно функционирање на тој систем.Република Македонија припаѓа на помалите европски земји со лимитирани ресурси и недостиг на одредени енергенси и други стратегискиматеријали. Република Македонија се уште ја зацврстува и унапредува демократската основа и институциите.

И покрај ова, Република Македонија перманентно создава безбедносно опкружување и услови за модерно цивилно општество, како и затрансформација и развој на економијата, притоа водејќи сметка за социјалната димензија и заштитата и унапредувањето на животнатасредина. Основите на напредокот и развојот Република Македонија трајно ги гледа во нејзините граѓани и нивната решеност за изградба надемократско општество и држава, заедно со потенцијалот што го има во високото образование на своите граѓани и високото ниво наквалификувана и стручна работна сила. Република Македонија е цврсто решена да ги реализира своите интереси и да создава безбедносно опкружување со активно и континуирано учество во меѓународната заедница и меѓународните односи.

м-р Агуш Демировски