Институции кои цел еден век делуваат на “скапата облека” а не на потребата на човекот.
Официјални бројки и статистика врз жени Ромки кои предизвикуваат очај, страв и огромна несигурност за само нормален живот драги мои.
Молк….. и за сите оние кои не се свесни дека се во истата бездна на потонување од срам заради семејството, околина и чудните несоодветни традиции и обичаи. Сега се вели…… таа смета дека така треба да биде третирана, таа смета дека е срам да крене глас заради иднина на децата, таа смета дека заслужила на моменти… не била послушна или се противела на “посилната страна” . НЕ СЕ ВИНОВНИ ШТО ТАКА МИСЛАТ, ТУКУ ТАА НЕ ЗНАЕ ПОИНАКУ.
Оф мајка…. Да, некој и така ќе каже, ќе кажат трпи ќе дојде поубаво време, голтни и стисни заби нека боли…. ЌЕ ПОМИНЕ.
И сега вака… кај нас остана навика да работиш за да заработиш корка леб, за семејството, за децата за домот. Сте слушнале за “алал заработен леб”, сте чуле ли за “не рани ги твоите деца со нечисти пари”, за “заработи чесно” и за “лесни пари болест и несреќа носат”. Големите интелектуалци велат “бабини приказни и реченици”. Драги мои…..обавувањето на секоја должност која ви се наплатува дури и со малку пари врши ја чесно…. ако е поинаку ти се коцкаш. Се коцкаш со последици по живот, баш како што е вистинската игра на покерот, разликате е што во играта со твојата должност од која живееш играш со туѓ живот што е многу по опасно таму некаде каде ќе одговараш за твоите постапки, во поинаков суд некорумпиран, најправеден и потежок.
Што зборувам… па тоа не постои нели? Судот е овде, кој умре, умре кој се спаси ќе раскажува.
Службена должност, колку тоа само звучи гордо, униформа, заштита, јас би умрела да раскажам на полицаецот што ми се случи ако е како во книгите од 1-8 одд дека полицајците ги штитат ѓраганите.
Како мала сеуште се сеќавам дедо му стануваше на секое униформирано лице и го поздравуваше со “добар Ви ден бранители наши”, сега децата ги плашиме со полицајци ви знак на “непријатели” ќе ти наштетат. ИСТОРИЈА, ПОСЛЕДИЦИ, БОЛНО МИНАТО, ИСКУСТВА….. се е резултат од нешто.
Но, очај чувствувам драги мои, се плашам , не само дека нема да влезам зошто сум неисчешлана или со флека на облеката од ручекот за децата, од недостатокот на времето заради тегобата во душата и случувањата дома, од бегството поправо кажано така дојдов. Службеноте лице не слуша, гледа во флеката мислејќи ручекот заедно го јаделе, мислиш се жалам непотребно, ти губам време, нели?
Оф мајко…. Не те слушаа, досадна беше, дома пак се враќаше.
НИКОЈ НЕ Е ВИНОВЕН ТАКА СМЕ НАУЧЕНИ. Платата од коцкањето ќе стаса на сметка било не било…. а системот нема да ја научи мајката што е вистината ако е поразена, ако ја боли, ако крвари…. Ќе помине, ќе се моли да не умре, за друго не знае, нема кој да и каже и кој да ја посочи.
Шета скапа облека насекаде ама луѓе не гледам. На крај сите ќе кажеме, да се облечеме одела и ние а да не се гледаме кои сме, кои се нашите дела и што придонесовме за дома.
Ќе помине драги мои… ќе помине… стиснете заби сите, времето е лек за душа. Легнете одморете не правете ништо за да промените нешто… неможете сами сте.
ИРОНИЈА ЗБОРИ ВО МЕНЕ ИРОНИЈА истрпете ме, ќе ви помине.
Aвтор:м-р Елма Демировска
(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)