Колумна: Како човек или Студент

1051

Како човек па и како студент, секој месец излегував на избори, тоа во Македонија е модерно,било локални, парламентарни или претседателски, битно е нешто да се случува. Сепак, моето право на глас е помалку важно од она на пензионерите зашто тие полесно се манипулира со разно разни убедувања, покачување на пензии, вработување на блиски деца, внуци и др.

Како студент често доаѓав во ситуација да дискутирам со полуписмените кои се дрзнаа да ги оценуваат моите знаења дури со три или четри прашања на заокружување, малку е смешно но и вистинито.

Се сеќавам како вчера да беше кога се запишав на Европскиот Факултет во Скопје. Ми  укажуваа „ а бе, што бараш сега на факултутет, па дури  Детективи и Криминалистика”, земи нешто полесно, кај нас и онака работните места се добиваат со партиски книшки, што се  замараш. Чудо сме бре, без да имаат информации дали сум или не сум на редовен работен однос си укажуваме се што ке ни падне на памет,- ги гледам се чудам и се  запрашувам што е со самите нас.

Јас тврдоглаво тврдев дека не е така, и во Августовски ден ги однесов документите во Европскиот факултет  доволно убеден дека можам да си ги остварам целите и без да се обои сино или портокалово. Денес, после четири години сè уште верувам во тоа, па ако сакате наречете ме и глупав.

Денес кога сум дипломиран се чувствувам млад со желба за многу промени пред се на мојот Ромски народ, за промени и позитивни искуства како и поттик на самите нас во вложување во образованието,  со преголема желба – сакам да го менувам светот.

Jас бев само број на индекс кој чека на шалтер барем еднаш во неделата, а зад тој шалтер има намуртени лица на кои се чита мојата вина, како јас да сум им виновен без разлика на сè.

Кога си студент редовно ги посетуваш пријателите од копирница, па од таму тогаш вадевме задачи за колоквиум или испит, нема врска кога можеш-можеш, кога не можеш –постарите укажуваат СНАЈДИ СЕ ПА ЖИВИ хахаха.

Кога си студент пиеш макијато од бифе, зошто кафематите ни ги однесоа од ходник дури надвор при влез и тешко да се излезе на секоја пауза од 15 мин.за да пиеш кафе. Кога си студент киснеш во читална решавајќи случки и примери  од детективската дејност, колнејќи и пцуејќи сè живо (мислејќи дека ти е друг виновен).

Кога си студент живееш на брза храна и кафе, на шеги на сметка на колеги или професорите упсс (извинење до професорите се шегував).

Кога си студент не смееш многу и да уживаш затоа што секое  уживање мислам на финансискиот дел кошта, згора на тоа и кога имаш домашни обврски ( како јас ) уште повеке ти се стеснува финансикиот поглед на уживање, и тогаш сфакаш дека  во времето на студирање патот што те води е – Работа – Факултет и правец  Дома.

Кога  дипломираш автоматски ти си возрасен човек од кој се очекува вистински да превземе одговорност за своите постапки како  и да помогне со своето знаење во општеството.

Кога си студент уморен од утро до мрак, а сепак  интересно на свој начин, најголемата гордост за мене е тоа што како студент на Европски Факултет си еднаков пред сите како РОМ студент.

Сосема на крај кога си студент сваќаш дека овие се најубавите години од твојот живот и ако летаат, јас сепак навистина уживав во нив.

Затоа.. Вложете во Образование ,,Образованието е Сила”.

 

Автор: Севѓул АБДУЛА

Дипломиран на Европски Факултет

Детектив и Криминалистика-Безбедност