Севгул А. – Се сеќаваме на 2-ри Август денот на згаснатите гласови на жртвите Роми..

1862

Mangle thaj sajdime, avdive hraminava bash o kobno thaj kalo dive e Romane historijake pal o dive 2-to Augusto,ano akava dive mudarde bidośale upreder 4.300 Roma, ko logori ko Auśvic- Birkenau.
Akava masakri nikana nane te ovel bisterdo taro Roma. Teleder hramonava ani Makedonikani ćhib sebepeja te haloven e naRoma.
————
Да, се сеќаваме на кобниот ден 2-ри август 1944 година, човештвото посебно Ромите го запишаа еден од најтемните датуми во својата историја. Во само една ноќ, во нацистичкиот логор Аушвиц-Биркенау беа систематски,со големо малтретирање како и нечовечност убиени над 4.300 Роми, да и тоа мажи, жени и деца. Овој историски масакр, наречен и “Ликвидација на ромскиот камп“, не беше изолиран чин туку намерен и однапред веке измислен.
Тоа беше дел од организиран и планиран обид за истребување на цел еден народ, само поради нивниот идентитет, едноставно се имаше желба да бидат сите до еден убиени.

Со години, страдањето на Ромите во Холокаустот остануваше маргинализирано, тивко, недоволно признаено, и многу малку за тоа јавно говорено. Европската историја со децении молчеше за оваа траума,неправда и нечовечност. По сите сознанија дури во 2015 година, Европскиот парламент официјално го призна 2 Август како Меморијален ден на ромските жртви од Холокаустот. И логично се поставува прашање зошто до тогаш не се говореше за овој масакр, нели е тоа предоцна, но никогаш не е доцна за вистината, како велат нашите предци кога и да е денот на вистината ке излезе на површина.

(Foto lendo taro Google/Auśvic)
И по новите сознанија дури денес јавно се говори дека Ромите не беа случајна мета. Беа цел. Ако е така,тогаш логично е да се постави прашање?Зошто до денес нема официјален податок за причината на метата да бидат линчувани Ромите. Над 500.000 Роми беа убиени во нацистичка Европа. И уште потрагично што еден голем дел од убиените се без име, без гроб, без сеќавање. Со овој чин на истребување Ромите не беа само убиени физички, туку и симболички—преку бришење од историското помнење, едноставно да бидат заборавени. И токму затоа, денес се одлучив на ова моје пишување дека не треба нашата должност како општество само да ги спомнуваме, туку да бараме правда и да обезбедиме начини(едукативни,јавни говори и сл.) со која ќе се гарантира дека оваа темна страница нема да се повтори.

Ромската заедница денес е жива, постоечка и не е до крај ликвидирана,но се уште се соочува со системски предизвици и неправди со широки размери. Треба ли денес да говорам за Дискриминацијата, социјалната исклученост, институционалниот молк, нееднаквиот пристап до правда и политичката исклученост. Јас се надевам дека историјата нема да остане само како приказна за минатото, туку предупредување за сегашноста и иднината.

Денес, додека положуваме цвеќиња, читаме имиња, и палиме свеќи и секој на свој начин се моли за Севишниот Бог за жртвите, морам јавно да го поставам прашањето:што сме направиле денес за да ја промениме реалноста на живите Роми? Дали ги слушаме нивните гласови, или повторно како и тогаш ќе молчиме? Затоа што сепак-Ромската заедница мора да МОЛЧИ.

2-ри Август не е само ден на сеќавање. Тој е огледало на нашата совест и реалност. Никогаш да не се повтори!
———

Автор:м-р Севгул Абдула.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)