Севгул А. КОЛУМНА- Ромите живеат на маргините, застапени само во хартија..

1351

Sajdime, O Avdisutno moro nedelako hramovipe preperela bash i aktuelno politika ki Makedonija, hramonava ani Makedonikani chib sa sebepeja te halon amen e na Roma. Ano moro hramovipe koristinava e ćaćutne elementija taro hasuno thaj realitetno dikhibe sar funkcionirinela i politika, bi te ovelman direktno lośnipe upral nekaste.

Akava moro hramovipe gndinava so ka resarel dji ko politikane cinitelija thaj ka halova so valani te kera promene ko amaro politicko deluvane.
———

Политичката застапеност на Ромите во Македонија, често пати служи само за декорација и легитимација на владеачките коалиции одколку за вистинска промена на секојдневието и животот на Ромите. Имено,ромите во Македонија се најголемото етничко малцинство и истовремено е најмаргинализираната заедница. Нивниот секојдневен живот, во најголем дел, е борба за достоинство, пристап до основни услуги и сл. Кога говориме за тоа,,Хартијата Трпи” во тој дел политички се застапени со мера на одредени позиции кои се повеќе декоративни како советници,министри,заменици и од тие позиции нивната реална моќ што ја имаат е минимална.

Инаку ромските политички партии, наместо да бидат независен глас на заедницата, често се сведуваат на инструмент за коалициски пазар, обесгласени и многу често тој кој ке се побуни истиот ке биде предаден кај големиот шеф од самите чинителе(роми) лидери кај големит брат. Денес во законодавниот дом (Собрание на РСМ) Ромите немаат легитимен законодавен претставник и ако неколкумина ромски политичари седеле во пратенички клупи или советнички позиции, и тие истите многу ретко иницирале суштински законски промени или програми за подобрување на условите за животтот во ромските населби.

Напомена!
Според сите податоци и истражувања, ромите се уште на терен се соочуваат со:невработеност, ниско ниво на образование, недостиг од здравствена грижа, сегрегација и дискриминација. Ромските деца сè уште се соочуваат со бариери во образовниот систем, а ромските населени места се симбол за институционално запоставување. Ромите како граѓани и признати според Уставот на РСМ, и како народ заслужуваат повеќе од симболична застапеност. Потребни се политичари кои не се само претставници по етничка припадност,туку борци за вистинска еднаквост, интеграција, дискриминација како и социјална правда. Мои браќа и сестри,,Роми” За тоа да се случи потребна е внатрешна мобилизација, активирање на ромската младина, образование,нови идеи и храбри гласови што нема да се плашат и молчат.

Сакам да произнесам еден мал дел од податоците кои се јавни: Жените Ромки – двојно се маргинализирани со тоа што покажуваат сите релевантни истражувања, жената Ромка речиси е исклучена од процесот на одлучување и ретко се вклучени во политичкиот живот. Нивната застапеност во политичките партии и јавната администрација е минимална. Податокот за политичката застапеност е како лавиринт од кој истиот нема излез, ДА постојат неколку ромски политички партии и како такви нивната зависносност припаѓа само од желбата на коалиционите партнери и се ограничени во промовирањето на специфичните ромски интереси, едноставно обесгласени.

Во поглед на економскиот дел: Социјалата, невработеността,супстандард,здравството и други битни елементи за нормален живот, говорат сите Европски извештаи со знак за напомена дека во тој дел треба да се измени сликата и животот на Ромите со конкретни мерки за интеграција и сл.

Сосема на крај, Македонија како држава која се стреми по европскиот пат и се залага за европски вредности не може да се нарекува инклузивна држава се додека еден цел народ живее во сенка, маргини, изоставени од системот,застапен само на хартија и постери,НЕ и во политичката реалност. Време е Ромите да не бидат само бројка, туку и моќ што се слуша и чувствува.

Автор:м-р Севгул А.

(Ставовите објавени во рубриката-Колумни се гледиште на авторот,Рома Прес не сноси одговорност за содржината на истите)