Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија објавува ЈАВЕН ПОВИК за учество во Програма Самовработување-Претприемништво.

2202

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за  2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за Програмата 1. Поддршка за Самовработување (Претприемништво), финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија,  на ден  25.02. 2019 година се објавува  ЈАВЕН ПОВИК до невработените лица. Се охрабруваат невработени лица со претприемачки дух, со визија да основаат свој бизнис да аплицираат во Програмата Поддршка за Самовработување (Претприемништво).

–       Се повикуваат сите заинтересирани невработени лица, невработени млади лица до 29 години, невработени лица со попреченост, невработени жени од ранливи категории, кои  своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програмата Поддршка за Самовработување (Претприемништво), да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРСМ со цел аплицирање за учество во програмата.

Финансиската поддршка преку Програмата Поддршка за Самовработување (претприемништво) опфаќа обезбедување на:  Експертска поддршка во форма на обука за претприемништвото и водење бизнис, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите ;

Менторска поддршка за развој на позитивно оценетите Бизнис планови од ИН-групата (група на апликанти со потенцијал за основање иновативни, односно брзо-растечки бизниси) и помош при изработка на предлог проект за понатамошно финансирање со поддршка на  Фондот за иновации и технолошки развој

Неповратни средства (грант) во износ од 246.000 до 307.500денари по корисник или до 615.000 денари доколку се основа правен субјект од два содружника како ДОО – Друштво со ограничена одговорност од две лица, при што секој од содружниците ќе има еднаков (50%) удел во друштвото.

Правните субјекти основани од страна на инвалидни лица имаат можност за дополнителен грант за вработување до 2 (две) лица во износ од 92.000 денари за вработување на лице на возраст над 29 години или 153.750 денари за вработување на лице до 29 години, согласно условите наведени во договорот;

Советодавна / менторска поддршка во период до 12 месеци од основањето на бизнисот (до 120 часа) ќе се обезбеди од страна на Фондот за иновации и технолошки развој за апликантите селектирани во “ИН-  групата“( (група на апликанти со потенцијал за основање иновативни, односно брзо-растечки бизниси)

Советодавна/ менторска поддршка во период од 12 месеци од основањето на бизнисот ќе се обезбеди и на следниве целни групи:

– лица со попреченост

– припадници на ромската заедница

–   жени од ранливи категории (приматели на социјална помош, жртви на семејно насилство, жртви на трговија со луѓе,  самохрани мајки и социјално исклучени жени по основ на технолошки вишок и стечај).

Заинтересираните лица за учество во Програмата можат да аплицираат до исполнување на предвидениот број на кандидати.

Во оваа програма, ќе можат да се вклучат и невработените лица кои имаат завршено обука за претприемништво и/или изработено бизнис план во 2018 година.

Лицата кои добиле грант за Самовработување во изминатите 5 години, немаат право да аплицираат за учество во Програмата.

Преку програмата нема да се поддржи основање на бизниси во следните дејности:

?      Земјоделска дејност, односно дејност од Сектор А/А, Оддел 01 – Растително и животинско производство, лов и услужни дејности поврзани со нив, со исклучок на органско земјоделско производство;

?      Бизниси во дејност од класа 49.32  – Такси служба;

?      Производство и дистрибуција на оружје, односно дејност од класа 25.40 – Производство на оружје и муниција;

?      Финансиски и осигурителни бизниси и активности кои вклучуваат игри на среќа, односно дејност од Сектор K/И – Финансиски дејности и дејности на осигурување.

По исклучок од Точка 1 и 2, невработените лица со попреченост, корисниците на гарантиран минимален приход и невработените лица Роми, ќе можат да регистрираат правен субјект во земјоделска дејност и такси служба.

Правата и обврските помеѓу АВРСМ, УНДП и учесниците во програмата ќе бидат уредени со склучување на меѓусебен договор.

Пријавата за учество треба да се поднесе во работниот клуб во центрите за вработување, секој работен ден од 09:00 – 14:00 часот. Сите заинтересирани можат да добијат детални информации за мерката во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија, контакт центарот 02-3111-850 и веб страните www.av.gov.mk и www.rabotaimoznosti.mk