Министерство за Локална самоуправа денес потпишува договори со Општинските градоначалници кои имаат усвоени локални акциски планови

3071

Министерот без ресор за Музафер Бајрам учествуваше на средба во Министерството за Локална Самоуправа за потпишување на договори со општини кои имаат усвоено локални акциски планови за Роми.

Потпишани се 16 договори со општини на кои ќе им бидат распределени средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година за поддршка за имплементација на Стратегијата за Ромите.

Предвидени се вкупно 3 милиони денари за 16 општини и истите ќе се распределат во еднаков дел од по 150.130 денари, додека останатиот дел во износ од 597.920 денари ќе се распредели по бројот на Ромите по општини.

Средства ќе добијат општините: Шуто Оризари, Прилеп, Куманово, Чаир, Битола, Тетово Гостивар, Штип, Кочани, Кичево, Виница, Дебар, Велес, Делчево, Берово и Пехчево.

Со ова одлука, Владата на Република Северна Македонија уште еднаш ја потврдува заложбата за инвестирање во сите региони на земјата со цел да придонесеме што е можно повеќе за подобрување на уловите за живот на нашите граѓани.