Сведоштво за грабежот во „Халк банка“: Ги исплашија жените, ги влечеа за коса. Внатре е сè искршено…

1801

 

Sasti čipota tavdinga sar ka vakere sijan ko disavo akcijako filmi..

Како сцени од страшен филм, вака им започна работната недела на вработените во експозитура на „Халк банка“ во скопско Визбегово. Маскирани и вооружени лица со автоматски пушки денеска попладнето ја ограбија банката додека била полна со клиенти и варботени. Повредени нема, но оние кои биле во експозитурата за време на разбојништвото, позади камерата одвај собраа сили да го раскажат пеколот низ кој поминале, објави „Алфа“ телевизија.
Ги исплашија жените, ги влечеа за коса. Внатре е се искршено, лом направиле – раскажува анонимен очевидец пред камерата на Алфа.
Маскираните за кратко време го испразниле сефот, насилното однесување и заканите по живот упатени кон сите во банката им помогнале за кратко време вработените да им го испразнат сефот и да ја напуштат банката.
Според првичните информации во банката влегле четворица, а еден ги чекал во возилото со кое влеге во дворот од банката. По грабежот полицијта правеше увид, засега нема ниту трага ниту глас од вооружената банда со автонатски пупшки која реализираше богат плен сред бел ден во Скопје.

Lendo tari Alfa Tv.