Ромаверзитас – Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија

1251

По повод 8 Април –Меѓународниот ден на Ромите Ромаверзитас – денес одржа трибина во Собранието на Република Северна Македонија, насловена Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија.

На настанот кое беше  одржан во Собранието на Република СевернаМакедонија (сала Голема купола) на присутните гости им се обратија:- Зоран Заев, Претседател Влада на Република Северна Македонија.

– Зоран Заев, Претседател на Влада на Република Северна Македонија

– Н.Е Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија

– Надир Реџепи, извршен директор на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ)

– Бујар Османи, Заменик на претседателот на Владата, задолжен за европски прашања

– Алумнисти на Ромаверзитас и Ромскиот Образовен Фонд.

Настанот имацел да ја поттикне и постигне пошироко внимание на релевантни институции и поединци околу предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија, како и вклопувањето во концептот „Едно општество за сите“.

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ е препознатлив лидер за поддршка и развој на активни и квалитетни високообразовани Роми, кои ја застапуваат ромската заедница и сеактивно вклучени во процесите на креирање и донесување на јавни политики на локално и национално ниво.

Hazri kerga:Roma Press