Sar žurnalisti ka maraman mujal i diskriminacija savi kerlapes upral e Roma

980

Terni Romani čhaj savi thani apsolventi  ko žurnalistibe ko Hakajipasko fakulteti ano Skopje, vakere3la  bašhi piri  sama thar  tikne berša dikhalpes  sar diskriminirime prekal o avera čhavore save bajrovena sas olaja ko jekhajek vakti.

Bašh sa akava olakoro resaripe vakerela bašhi i patrin Plusinfo.mk, Hramonguman ko akava fakulteto jekhe celijoja salde te dujrarav i diskriminacija thar miri etnikani kedin Romani ki Makedonija.

Drabaren teleder ki Makedonikani čhib o sasto vahtavi thar Đjemiliana Abdulova tharo Skopje.

Не ни дозволија да влеземе во кафуле, затоа што сме Ромки и имаме потемна кожа. Тоа не е прв пат да не ги пуштаат Ромите во одделни кафулиња. Неодамна бев избркана бидејќи не бев соодветно облечена. Што значи несоодветно облечена? И јас се зачудив. Баш напротив, си бев нормално облечена, но бев во друштво со малку потемни другарки. Жално е, знам, но вистинито и сѐ уште го има. Ова е само дел од непријатните искуства кои ги имала 21-годишната Џемилиана Абдулова од Скопје, апсолвент на новинарство на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од дете сум се чувствувала дискриминирана. Растејќи во средина во која немаше Роми, сѐѐ почесто се соочував со дискриминација. Уште од основно, па сѐ до денес. Во училиште не бев вклучена во претстава, според мене, само затоа што сум Ромка. Се откажав од хор само поради тоа што сметам дека бев дискриминирана. Еднаш нѐ избркаа од кафуле во Скопје, најверојатно поради тоа што сме Роми, иако имаше слободно место, ни рекоа дека нема. Му се јавив на газдата кој случајно го знаев, па после тоа келнерката ни се извини, ама не седнавме да пиеме кафе таму. На друго место прашав какви коктели има, келнерот ми рече не верувам дека ќе ги знаеш, демек не си пиела ти вакво нешто, што повторно мислам дека е еден вид дискриминација – раскажува Абдулова.

Токму поради тоа што смета дека има наставници што воопшто не им обрнуваат внимание на децата Роми и ги дискриминираат, своевремено била вклучена и во проект во кој помагала на дете со математика и други предмети.

Навистина е тешко, додава, да се биде млада Ромка која цели кон успех и сака да има успешна кариера во иднина.

Токму сето тоа ме натера да се запишам на новинарство, со цел да ја променам погрешната слика на медиумите за ромскиот народ. Растејќи со мајка новинар, уште од мала возраст ме поттикна и сум запознаена одвнатре со секоја дискриминација врз основа на припадност. Без разлика за кого се работи, медиумите често знаат да не користат иницијали и да го јават идентитетот на луѓето припадници на ромската заедница. Јас сметам дека секој сегашен или иден новинар треба да се држи до кодексот на новинарите и да користи иницијали и да не го објавува идентитетот со етничката припадност, бидејќи сме сите еднакви, без разлика на сѐ – вели таа.

Абдулова нагласува дека сите ние имаме слушано и читано премногу настани поврзани со Ромите.

Секогаш негативни, нели? На пример, вратени Роми од граница, не биле пуштени во базен, од кафулиња бркани мали деца Ромчиња кои продаваат дребулии. Сето тоа, само поради тоа што имаат потемна кожа. Сите тие негативни настани поврзани со ромската популација разбудија многу гнев во мене и баш затоа се решив за новинарство. Да се борам со погрешната слика која ја имаме во општеството. Со позитивни примери за моите другари, роднини, познаници, да влијаам да се исправи погрешната слика што е создадена за Ромите. Не сите Роми крадат, нели? Доста е со застарените стереотипи и забраната за Ромите на некои места  порачува младата студентка Абдулова.

Hazri kerga:Roma Press lendo thar o Plusinfo.mk