Muklo Oglasi bašh 125 Profesionalna askerija- dikhen ki aplikacija

982

ЈАВЕН ОГЛАС 1. За прием на 125 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија

06-06-2019

Врз основа на член 31, 36, 39 и 40 од Законот за служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15, 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 101/19), член 1 од Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 57/18), Министерството за одбрана на Република Северна Македонија објавува

ЈАВЕН ОГЛАС

  1. За прием на 125 (сто дваесет и пет) професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Армијата) за работа на определено работно време со договор за вработување во времетраење од 3 (три) години со можност за негово продолжување повеќе пати, но најмногу до навршување на 45 години возраст по избор согласно закон.
    2. Кандидатите за прием на професионални војници на служба во Армијата од точка 1 на овој оглас треба да ги исполнуваат следните услови:
    Општи услови:
  • да се државјани на Република Северна Македонија;
  • да се полнолетни и
  • да имаат посебна здравствена и физичка способност.

Посебни услови:

  • да имаат завршено средно образование;
  • да имаат завршено доброволно служење на воениот рок и
  • да не се постари од 25 години на денот на завршувањето на огласот за прием на професионални војници.
  1. Работното време е од 08,00 часот до 16,00 часот.
    4. Платата изнесува од 21.000,00 денари до 24.000,00 денари.
    5. Лицата кои се здравствено осигурани и ќе приложат потврда издадена од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, нема да подлежат на почетни проверки за поседување на општа здравствена способност.
    Лицата кои не се здравствено осигурани и согласно тоа, не се во можност да достават потврда од матичен лекар за поседување на општа здравствена способност кон пријавата за прием на кандидати за професионални војници на служба во Армијата, ќе бидат испратени на проверка на општата здравствена способност на Институтот за физиологија при Клинички центар – Скопје.
    6. Во постапката за избор, проверката на физичката и здравствената способност на кандидатите за професионални војници на служба во Армијата, ќе биде извршена од страна на посебни комисии формирани од министерката за одбрана.
    Кандидатите ќе подлежат на тестови за проверка на физичката подготвеност согласно Правилникот за начинот на одржување и проверка на физичката способност на активниот воен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.170/16) достапен на следниот линк: http://mod.gov.mk/wp-content/uploads/2018/07/Pravilnik-za-fizicki-proverki-.pdf.
    7. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.
    8. Воедно, Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на професионални војници во Армијата на Република Северна Македонија.
    9. Со избраните кандидати ќе се склучи договор за работа на определено време со времетраење на договорот од 3 (три) години, согласно точка 1 од овој оглас.
    10. Јавниот оглас за прием на професионални војници ќе трае 15 дена од денот на објавување во најмалку два дневни весници од кои најмалку во еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и еден од весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик и интернет страната на Министерството за одбрана.
    11. Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават преку електронска пошта во Министерството за одбрана [email protected]со пополнување на образецот Пријаваза кандидати за професионални војници на служба во Армијата. Пријавата може да се превземе од интернет страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk.
    Кандидатите за професионални војници на јавниот оглас може да се пријават и во Одделенијата за одбрана на Министерството за одбрана во или блиску до местото на живеење.
    12. При пријавувањето на јавен оглас, кандидатите треба да ги приложат следните документи и податоци:
  • Пријава за кандидати за професионални војници на служба во Армијата (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
  • Своерачно пополнет Прашалник со изјава за морална, материјална и кривична одговорност за точноста на дадените податоци (образецот е достапен на интернет страницата на Министерството и во Одделенијата за одбрана);
  • Уверение за отслужено доброволно служење на воен рок во Армијата (Уверението се зема во Одделението за одбрана);
  • Фотокопија од документ за лична идентификација (лична карта или патна исправа);
  • Диплома за завршено средно училиште (оригинал или копија заведена на нотар);
  • Потврда издадена од матичен лекар за општа здравствена способност за лица кои се здравствено осигурани, а кој податок се должни да го наведат во пријавата за пријавување на кандидати за професионални војници на служба во Армијата;
  1. Некомплетните и ненавремено доставени документи нема да се земаат во разгледување.
    14. Кандидатите за професионални војници кои успешно ќе ги поминат сите предвидени проверки по фази, согласно Правилникот за начинот на спроведување на постапка за прием на кандидати за офицери, односно подофицери, професионални војници и цивилен персонал на служба во Армијата на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.57/18) и тоа:
  • проверката на податоците кои кандидатите ги изнеле за вистинити,
  • проверката на физичката способност,
  • проверката на здравствената способност,

се ставаат на листа за избор и прием на професионални војници на служба во Армијата.

  1. Кандидатите за професионални војници кои ќе бидат примени на служба во Армијата на Република Северна Македонија и повикани во Министерството за одбрана за потпишување на договор за работа со себе треба да ги носат следните документи:
  • диплома за завршено средно образование (оригинал или копија заверена на нотар);
  • уверение за државјанство;
  • извод од матична книга на родените;
  • уверение дека не му е изречена мерка за безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци);
  • важечка лична карта и 2 (две) фотокопии од лична карта на кои треба да биде напишана општината во која се со место на живеење;
  • трансакциска сметка;
  • ако кандидатот бил во работен однос да достави лист за одјава со затворен датум во фирмата каде работел (образец М-2), или
  • потврда дека не е во работен однос издадена од Агенцијата за вработување.
  1. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија, документите со писмено известување ќе бидат вратени преку Одделението за одбрана во местото на живеење, каде што биле поднесени.

Hazri kerga:Roma Press – lendo thar vebsajto Ministeriumi bash askeresko arakhipe