E Romane partie kerena ćaće pritisok jali pozicija +..

1076

Ano profili tar partija PDPR- Aksel Ahmedovski savo havlarela ko anv tar centralnikano orbori e partijako vakerindor so ange paluno lafi te delpes olenge uči ppzicija tar nevo mandatari Kovacevski sa sebepeja so sikavge poro profesionalizno ani politikani buti numa hem lojalnost ano palune duj đji trin alosaribnaske ciklusija baś ikheripe o SDSM.

REDAKCIJA ROMA PRES, kamela te đjanel akava si ćaćikano dejbe zor upral aktuelno rađi (vlada) ja palem načhalipe lejbaske barem panda jek pozicija plus bas i partija thaj lakere paśutne?
Ano teluno linko daja tumen śajipe te drabaren o havlaribe savo tano bicaldo ano fb ko profili e partijako👇

ПРЕПОРАЧЛИВО Е ДИРЕКТНО УЧЕСТВО ВО КРЕИРАЊЕ НА ПОЛИТИКИ ОД ИНТЕРЕС НА РОМСКАТА ЗАЕДНИЦА .

ПДПР денеска одржа седница на ЦО од која меѓу другото се излезе со заклучок дека како партија чиј приоритет е креирање и имплементација на политики од интерес на Ромската заедница заслужува да биде вклучена во владините структури од прв ред односно позиционирање во системот заради излегување во пресрет на интересите на заедницата што ке се презентираат на очекуваната средба со Мандатарот Ковачевски . Како млада партија покажавме дека имаме потенцијал кој е искористен при формирањето на владејачкото мнозинство кое е поддржано на последните три изборни циклуси во коалицијата предводена од СДСМ .
Иако очекувањата на нашите членови и симпатизери не се реализирани онака како што е договорено во целост, сепак сме принципиелни и остануваме во коалицијата предводена од СДСМ, но во исто време сметаме дека не треба да бидеме маргинализирани како непарламентарна партија бидејки е несериозно и непринципиелно кога се оди на избори во коалиција истата после изборите да биде нефункционална со напуштање на заедничкиот концепт од невнимание односно поради нереализирање на договореното.
Во тек е формирањето на новата влада и препорачливо е заради запазување на етничкиот баланс и соодветната застапеност на заедницата ПДПР да биде вклучена во креирање на политики со позиционирање како во владините структури така и на локално ниво.
Неопходно е формирањето на извршно тело во било која форма заради имплементација на стратегијата за Роми.
Од една страна тоа ке биде почетна сатисфакција за нереализираното до сега а од друга страна пак враќање на довербата на граѓаните кон институциите и практицирање на политики.

Roma Press-PDPR